14.9 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаИм плаќа кирија и автомобил: Еве кој бугарски тајкун стои зад клубот...

Им плаќа кирија и автомобил: Еве кој бугарски тајкун стои зад клубот на „Ванчо Михајлов“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Зад Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола стои бугарскиот тајкун д-р Милан Врабевски, обедлоденува Фактор.бг.

<

Фактор.бг пишува дека Врабевски бил почесен гостин на бугарската заедница во РС Македонија на отворањето на центарот, што бил изграден со негова финансиска помош. Поддршката на центарот е дел од долгогодишната програма на Врабевски и Фондацијата Бугарско сеќавање за прекугранична соработка, интеграција и европска перспектива на сонародниците во Македонија, вели Фактор.бг.

Бугарскиот бизнисмен долги години финансиски ја поддржува активноста на центарот и досега и подарил автомобил за потребите на тимот, кој го води, ги покрива месечните трошоци на организацијата и ја плаќа киријата за просторот.

По настаните во Битола и во Охрид, Врабевски организирал свечен ручек за присутните гости и претставници на бугарската заедница од двата града.

Името на бизнисменот Врабевски и на неговата фондација и се познати на македонската јавност по вакцинирањето за ковид во неговата болница во Софија, како и по обновата на гробиштата на бугарската војска во струмичко Ново Село.
Извор: Република Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија,...

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците

Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без...

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје.

Попладнево ококу 16 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот од Тетово кон Скопје во која животите ги загубија три лица. Според првичните информации...

Мицкоски: Подобри сме од многу земји во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот

Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта, Албанија, Србија, Унгарија, Чешка,...