-1.1 C
Ohrid
вторник, јануари 14, 2025
ПочетнаМакедонијаМногу брзо го заборавија овој Македонски Јунак !!!

Многу брзо го заборавија овој Македонски Јунак !!!

spot_img

ЗОШТО ОВОЈ ЈУНАК ДЕНЕС НИКОЈ НЕ ГО ЗНАЕ?

Се ближи годишнината од грозоморниот масакр кај Вејце каде осуммина бранители маченички си го дадоа животот во одбрана на суверенитетот и интегритетот на Македонија… Да се потсетиме на ликот и делото на ИЛЧЕ СТОЈАНОВСКИ, неговите последни зборови вечно нека им одѕвонува во ушите на оние кои ја продадоа патролата кај Вејце и ги испратија во маченичка смрт. Уште при првите истрели, тројцата полицајци Марјан Божиновски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, зазеле позиции зад возилото, но, за жал, брзо се здобиле со тешки рани од кои некои се смртоносни. Четвртиот нивни колега Илче за време на заседата кај Вејце успеал да се повлече и да стигне до третото возило „хамер“, каде што заедно со ранетиот „волк“ Игор Костески давале отпор. Преку мобилниот телефон Илче Стојановски се јавил на двапати кај неговиот претпоставен во базата во Тетово и му пренесол дека се нападнати, дека има ранети и загинати и бара да им се испрати итна помош, која за жал, не ја добиле. Кога Илче сфаќа дека патролата е предадена од македонски началници и дека намерно се пратени во смрт, уште еднаш очајнички и беспомошно се јави гласот на Илче преку радиостаница: НЕМА ПОТРЕБА ПОВЕЌЕ ДА НИ ДОАЃАТЕ ВО ПОМОШ. СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА. И радиостаницата замолкна.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...

Охридски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер. Билјана Стевановиќ...