12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЈавноста го осуди момчето од Охрид за тешката сообраќајна незгода во која...

Јавноста го осуди момчето од Охрид за тешката сообраќајна незгода во која за жал животот го загубија две момчиња од Битола, но условната казна е донесена бидеќи сега починатите не застанале на СТОП знак.

spot_imgspot_img

Не стивнуваат реакциите за возачот кој усмрти двајца битолчани во Охрид и доби условна казна.

Во тешката сообраќајна незгода која се случи пред една година во Охрид за жал прерано животот го загубија две млади момчиња од Битола, а три девојки беа повредени… 24 годишниот шофер Антонио ја признал вината дека возел со брзина од 106 километри каде што е дозволена максимална брзина 60 километри.

Судијата во изјава за Канал 5 вели дека олеснителните околности за обвинетиот возач да добие условна осуда биле тоа што делото било сторено во небрежност и дека тој ја признал вината.
И по бурните реакции од семејствата на двете загинати момчиња, трите тешко повредени девојки, како и јавноста, судијата од охридскиот Основен суд Бојан Мартиноски останува на ставот дека донел правилна одлука со изрекувањето на условната осуда за 24 годишното момче обвинето за сообраќајната несреќа која се случи лани на 16 август на регионалниот пат Охрид – Свети Наум..

Судијата во изјава за Канал 5 вели дека олеснителните околности за обвинетиот возач да добие условна осуда биле тоа што делото било сторено во небрежност и дека тој ја признал вината. За него тоа што обвинетиот возел со брзина од 106 километри на час, на место каде што е дозволена брзина до максимум 60 километри на час не било причина за да се случи опасноста. До трагедијата, според пресудата, дошло откако сега починатиот возач се обидувал од комплексот Инекс во 1.40 по полноќ да се приклучи на регионалниот пат кон Охрид, а во тој момент во него директно удрил обвинетиот, кој претекнувал друго возило и се движел во правец од Охрид кон Свети Наум.. .

„Олесните околности највпечаливо било што во сообраќајното техничко вештачење од техничкиот факутелт во Битола имаме пропусти на возачот кој за жал сега е со смртен исход бидејќи тој ја создал опасноста, не застанал на знакот СТОП, не пропуштил правно првенство на возилата кои доаѓале од неговата лева страна, меѓу кои и возилото на обвинетиот, се случил на небезбедно растојание и таквата сообраќајна ситуација се претвора во сообраќајна незода, а пропустите на обвинетиот е тој што се движи со поголема брзина и не може да ја избегне ситуацијата. Неговиот пропуст не ја создава опасната ситација таа е создадена од страна на сега покојниот управувач на другото возило..“, изјави Бојан Мартиноски – судија во Основен суд Охрид.

Условната пресуда не е правосилна, по неа е поднесена жалба и истата ќе биде предмет на разгледување во Апелациониот суд. Ова е втора пресуда по таа за Зоран Милевски – Кичеец, кој беше осуден на шест месеци затвор за сообраќајка во која исто така имаше загинато лице, што во последните месеци предизвика многу реакции, по што министерот за правда Бојан Маричиќ изрази загриженост за казнената политика. Тој најави воведување на ново кривично дело „безобзирно управување со моторно возило“ за што се пропишува затворска казна и до 3 години, а доколку има смртни последици казната најмалку 4 години затвор.

Загриженост за се почестата правосудна пракса за изрекување поблаги казни за тешки дела изрази и Антикорупцисакта комисија, која ги повика Совето на јавните обвинители и Судскиот совет да постапат според надлежностите, посебно во последниот случај со Милевски- Кичеец каде, како што велат, е спроведена преблага казна по спогодбата на обвинителот со обвиентиот.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...