26.9 C
Ohrid
вторник, јуни 10, 2025
ПочетнаМакедонијаОбичаи за Велики Четврток- Еве што треба да направите со првото вапцано...

Обичаи за Велики Четврток- Еве што треба да направите со првото вапцано јајце

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Обичаи за Велики Четврток, еве што треба да направите со првото вапцано јајце.

<

Во великата недела со обичаи и верувања особено е исполнет Велики четврток или Величетврток како што почесто се вика меѓу народот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите.

В. Кличкова запишала дека во Порече, а тоа го среќаваме и во други краишта на Македонија, првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот ‒ главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има магиска моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл.

Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ.

Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало, за да се сучи касметот. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја.

По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок.

Во Скопско, како што запишала Милица Георгиева, јајцата се бојадисувале не само пред сонце туку и пред да удрело клепалото од црквата зашто таквите јајца помалку се кршеле и подолго време не се расипувале. Е. Спространов сведочи дека во Охрид вечерта се носеле во црквата неколку црвени јајца „за да чует дванајсет ванѓељја“, а потоа едно од нив закопувале во нивата или во лозјето „за бериќет“. И Стефан Тановиќ во записите од Гевгелиско сведочи за одење во црквата каде што се слушале дванаесетте евангелија, а за тоа време секој во рацете држел свеќи. Таа свеќа, пак, што се држела додека се читало последното евангелие се носела дома и од неа се палело кандилото пред иконата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Еден полицаец во фармерки, друг во работничко одело, трет со палто од татко му: Тошковски најави голема набавка на нови полициски униформи

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи најави дека до крајот на годината поголемиот дел од униформираните полициски службеници...

24 годишна охриѓанка била пронајдена мртва во казино во Скопје, каде што работела !!!

На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината...

Мицкоски за Арсим Идризи: Ако уште еднаш му се повтори да не зборува македонски, ќе го разрешам.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. Според Мицкоски, тоа...

Заврши учебната година, министерката на учениците им порача да читаат лектири летово

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денес им упати честитки на сите основци и средношколци што ја завршуваат учебната година, со...