30.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаMaкедонката Емилија Стојменова добива министерско место во Словенија.

Maкедонката Емилија Стојменова добива министерско место во Словенија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Maкедонката Емилија Стојменова Дух ќе биде министерка за дигитализација во новата словенечка влада.

<

Таа е професорка на Електротехничкиот факултет во Љубљана и е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia и директор на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia. Активна е во иницијативата за „паметни села“, која се имплементира под чадорот на Европската комисија и Европскиот парламент. Стојменова Дух ја претставува Словенија во мултирегионален проект на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на битни позиции во науката, технологијата и математиката. По завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница се преселила во Марибор, Словенија. Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија добива стипендија за програмата Меѓународна матура во Втората Гимназија во Марибор каде го завршува средното образование. Потоа студиите по електроинженерство ги продолжува на Универзитетот во Марибор и ги завршува како најдобар студент.

Инаку, Роберт Голоб доби 41 од 90 пратенички места, наспроти 27 за Јанес Јанша, и очекува поддршка од други левичарски, зелени и центристички партии. Извор: Фактор.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...

Таа го тепала една недела, тој молчел – Скопјанец жртва на семејно насилство“

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом...

На граничниот премин Табановце, скопјани се преставиле како дипломати со лажни документи !!

Лишени од слобода две лица на ГП „Табановце“ поради фалсификување исправа На 25.07.2025 во 14.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, од...