8.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонија800 евра казна за насилникот од Џепчиште кој претепа две медицински сестри...

800 евра казна за насилникот од Џепчиште кој претепа две медицински сестри во Скопје !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вознемирена и со видливи модринки околу окото, 53 годишната медицинска сестра Сузана Јанева раскажа како пред два дена со нејзина колешка насилно биле претепани на паркинг во комплексот државни клиники.

<

Нападот се случил кога двете сестри барале паркинг место.. Во едната која била надвор од возилото, најпрвин со својот автомобил удрил 25 годишник од тетовско Џепчиште кој бил позади нив, а потоа и физички ја нападнал.

Во моментот кога се исправав тој ме фати за вратот и со бокс ме удри во главата, во делот кај окото. Почна за нозе да ме тргне, да ме влече. Колешката излезе да не раздвои, но не можеше и нејзе ја фати за коса и така настана една мешаница со клоци, со боксови почна да не удира и нејзе и мене. – Сузана Јанева – Медицинска сестра.

Напаѓачот веднаш си заминал од местото а двете медицински сестри од поликлиниката Јане Сандански кои требало да заминат на обука на државна, повикале полиција. Успеале да му ја запишат регистрацијата на возилото и така подоцна бил пронајден. Тој дал изјава во полициска станица како и двете сестри, но непријатното изненадување за нив следува откако настанот се завршува само со прекршочна пријава против насилникот.

-Јас бев изненадена не од полициските инспектори и службеници, туку од начинот на кој обвинителот сето тоа го прими и го класифицираше како нарушување на јавен ред и мир што за мене не е нормално некој вака да те истепа и да си помине со минимална казна. – Сузана Јанева – Медицинска сестра.

Настанот како што раскажа сестра Сузана, за кој како што вели пред камерата на Канал 5, собрала храброст да јавно да зборува со цел да не се молчи за вакво насилство, е заведен и во полицискиот билтен на МВР. Оттаму објаснуваат дека за пријавата против насилникот е консултиран јавен обвинител. Побаравме став и од обвинителството, зошто и покрај видните повреди кај сестрата што јавно зборуваше, не се утврдени елементи на кривично дело.

-Согласно дотогаш утврдените факти и констатираната состојба на лице место, произлезе дека станува збор за прекршок против јавниот ред и мир. Меѓутоа, за конкретниот настан утврдувањето на целосната фактичка состојба е во тек. Доколку оштетените приложат или МВР обезбеди други докази кои упатуваат дека станува збор за кривично дело, Јавното обвинителство ќе постапи согласно своите законски надлежности.- ЈОРМ.

Засега насилникот останува само со прекршочна пријава за целиот инцидент кој се случил среде ден во присуство на голем број сведоци а ниту еден не се осудил да им помогне. Според прекршокот за кој се терети напаѓачот му се заканува само парична казна до 800 евра, а медицинските сестри велат дека размислуваат сами да ја добијат правдата и да поднесат кривична пријава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...

Поднесена иницијатива за смена на актуелниот претседател Перо Антиќ

Во Кошаркарската федерација на Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Иницијаторите...