Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска ја отстапи својата фотелја на 18-годишната Ана Марија Јованова и со тоа го започна проектот „Градоначалник на еден ден“. Двајцата денеска ќе ги реализираат планираните активности на кабинетот- Пишува Струмица.Нет
„Првото добро утро и добредојде во мојот кабинет ѝ го посакав на Ана Марија Јованова, 18-годишна млада девојка која штотуку го заврши средното образование во СОУ „Димитар Влахов“. Со неа денеска заедно ќе ги реализираме сите мои планирани активности во кабинетот и надвор од него, но, ќе ги слушам и сите нејзини предлози и забелешки“ – објави градоначалникот Костадинов, потенцирајќи дека неговиот кабинет секогаш ќе биде отворен за сите граѓани, за нивните предлози и сугестии за подобра Струмица.
Проектот „Градоначалник на еден ден“ се реализира заедно со Европската куќа во Струмица чија цел е младите да бидат активно вклучени во локалните политики.