25.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаНема да има седница за пцуењето на Талат, иницијативата одбиена

Нема да има седница за пцуењето на Талат, иницијативата одбиена

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на која претседателот на Собранието, Талат Џафери требаше да одговара за прекршување на Етичкиот кодекс поради пцуењето на собраниски службеници заврши пред да почне.

<

Откако претседателот на Комисијата, Панчо Минов го стави дневниот ред на гласање со единствена точка на дневен ред поднесената пријава од опозицијата за Талат Џафери, пратениците од власта гласаа против дневниот ред со што седницата не можеше да продолжи.

Минов, по само една минута заседавање, констатираше дека дневниот ред не е усвоен и ја затвори седницата.

Со последните измени на Етичкиот кодекс, пратеник кој направил тешка повреда на Кодексот, за каква се товари Џафери, може да биде казнет освен со јавна опомена, и со суспензија од членство во работно тело во рок од еден месец или пак забрана да претседава со работно тело во времетраење од еден месец.

Минатата недела претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека тој пцуел по неработењето и по односот кој вработените го имале кон работата, а не ги пцуел нив.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Африм Фидани е новиот претседател на Врховниот суд

Судијата Африм Фидани и официјално е претседател на Врховниот суд откако денеска даде свечена заклетва во Судскиот совет. -Изјавувам и се колнам дека функцијата претседател...

Запре судењето против Димитриевски – обвинителството се откажа од обвинението

Запрен е судскиот процес против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој беше осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување. Јавниот обвинител се откажал...

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...