2.9 C
Ohrid
вторник, ноември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСтојанче: Само 20-тина луѓе се шегуваат со мене, но за илијадници сум...

Стојанче: Само 20-тина луѓе се шегуваат со мене, но за илијадници сум херој а тоа го видов денес во продавница.

Денеска бев во маркет да испазарам, ме сретнуваат луѓето таму, ме поздравуваат како да сум херој, ми велат, секоја ти чест за реакцијата за дупката на мостот пред Драчево – за ,,Фокус” раскажува Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК и претседател на „Достоинство“.

Тој вчера алармираше за големата дупка која се појавила на мостот кај Маркова Река, и која претставува огромна опасност по животот на патниците кои се движат по мостот.
Појасни дека е поставена сигнализација околу дупката, извршен бил увид, и надлежните институции ќе постапат понатаму.

Околу тоа што на социјалните мрежи се појавија низа на шеги на негова сметка, додека позира под мостот и ја покажува дупката, раскажува дека не го погодуваат, туку негова цел е да се направи се за безбедноста на граѓаните.

Можеби дваесетина луѓе се шегуваат со мене, но илјадници ме поддржуваат и сфаќаат колку е важна посветеноста со која јас работам. Подобро некои да си прават шеги со мене, наместо еден ден да се случи несреќа, па да се бројат гробови. Дупката навистина претставува огромна опасност за возилата и за луѓето кои минуваат таму. Од горе, можеби и не изгледа така, но кога ќе се погледне од долната страна, од под мост, сликата е сосема подруга.

Би се пошегувал со зборовите – Тази дупка не е дупка, туку е кратер!

Загрижувачки е тоа што долг период таму си минувале возила, никој не алармирал за каква опасност се работи и чиста среќа е што некое потешко товарно возило не пропаднало до сега, вели Ангелов.

Додава дека луѓето кај нас, свикнати да возат по дупки на асфалт, можеби и не биле свесни за каква опасност се работи, и среќа што возач на автобус, кој секојдневно минувал по мостот, му се јавил да го извести за дупката.

-Веднаш се излезе на терен, веднаш се алармираше јавноста, но и сите засегнати институции. Не им се лутам на оние кои се пошегуваа со мене, важно е што сите медиуми сериозно ја сфатија и ја пренесоа веста и што е превенирана потенцијална несреќа. Се друго е занемарливо во случајот – изјави директорот на ЦУК.
Извор: Фокус Вики Клинчарова

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Раде Штекли нуди работа, плата 3000 евра !!!

Изминатиов период Раде Штекли ја разбранува јавноста откако врз него три пати беше извршен обид за ликвидација. Овој пат Раде нуди 3000 евра плата за...

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа...

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод упокојувањето на владиката Тимотеј

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска испрати писмо со сочувство до Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и до правосвештенството по повод...

Драма во Гевгелија: Шоферот на Брзата помош го претепал лекарот !!

Во Полициската станица Гевгелија, вчера попладне Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички...