12.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски денес ја прочита молитвата Оче Наш.

Ковачевски денес ја прочита молитвата Оче Наш.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Соборниот храм на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул денеска вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г. Стефан одржуваат прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија по примањето на Охридската архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви.

<

На премиерот Димитар Ковачевски му беше укажана чест да ги прочита молитвите Симболот на верата и Оче наш, денеска во црквата „Св. Георгиј Победоносец“ во Фанар, Истанбул, каде се одржува прва заедничка литургија на Вселенската патријаршија и Охридската архиепископија.

Во Соборниот храм на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул денеска вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г. Стефан одржуваат прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија по примањето на Охридската архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква.

На литургијата предводена од поглаварите на двете цркви присуствуваат и митрополитите дебарско-кичевски г. Тимотеј и преспанско-пелагониски г. Петар, како и епископите хераклејски Климент и антаниски Партениј, повеќемина ѓакони, како и монаси од Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ и монахињи од манастирот Рајчица „Свети Георгиј Победоносец“.

Во состав на владината делегација, покрај премиерот Ковачевски се министрите за надворешни работи Бујар Османи, за одбрана Славјанка Петровска и за внатрешни работи Оливер Спасовски. Предвидено е членовите на владината делегација да бидат примени од вселенскиот патријарх Вартоломеј, а покрај тоа тој ќе има и одвоена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски.

Околу 700 верници го следат овој свечен чин во Истанбул.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Спикерот Гаши се „зачлени“ во библиотека

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска повторно се „зачлени“ во библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Ова следуваше по топлиот пречек при посетата на оваа...

Симона Стојкова се огласи на Фејсбук: Објавата е лажна, не сум исчезната!

Симона Стојкова – жената по која цела држава трагаше, воопшто не ни била пријавена за исчезната во полициска станица. Таа ноќеска се огласи на својот...

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...