26.9 C
Ohrid
недела, јули 21, 2024
ПочетнаМакедонијаНЕ КОПАЈТЕ СИ ГИ ОЧИТЕ, ЌЕ ВИ ТРЕБАТ!

НЕ КОПАЈТЕ СИ ГИ ОЧИТЕ, ЌЕ ВИ ТРЕБАТ!

Колумната е посветена на мојот пријател ИВАН П.

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ

Латинскиот афоризам “Homo homini lupus est“ (Човекот на човека му е волк) денес е свето правило и најмудра мисла од која не може да побегнеме!

Стани од спиење, се’ до легнување, животот во едно деноноќие ти минува низ оваа вистина како наследство кое никако да се смени и откорени! Е како да го смениме менталниот чип? Никако?

Се’ повеќе наликуваме на канибали, како Заев во својство, потпретседател на СДСМ со неговата изјава за време кампањата во Неготино 2010 година: “Кажете им, дојде Заев и рече, кога ќе дојде Заев на власт живи луѓе ќе јаде!“ И, прости ми Боже, како да нема друг народ во светот како во Македонија, тоа што Македонците го прават себеси: омраза, љубомора, клеветење, кодошење… што се’ не’… само за фотеља и власт… страст за власт и сласт за моќ и пари… Не се избираат средства опонентот да се уништи како непријател! Се заборава дека и власта и опозицијата се поради народот, а не обратно! Народот е суверенот, тој е и алфа и омега за секоја власт и опозиција, народот е претседател, премиер и спикер на Собранието во државата Македонија! И, жалосно но вистинито, народот македонски, по род и државјанство, никако да ја научи вистината: Во него е силата за се’ во државата!

Во сите 31 години од независноста на Македонија, секоја чест на исклучоци, ептен премалку, се изгуби компасот во движењето, не изнедривме асолен државник по мерка на народот и потребите на граѓаните! Претседателите Борис Трајковски, Киро Глигоров и Ѓорѓе Иванов дадоа голем придонес за Македонија, но останатите демонстрираа незадоволителна оценка, ова важи и за премиерите. Ниту еден од нив не остави траги за незаборав, ниту еден не бил саможртва за Македонија и Македонскиот народ по род и државјанство. Сите биле со лукративни побуди! И не случајно народот рекол: Дај му на човек власт, ќе видиш каков е! Се разбира, власта не ги расипува луѓето во политиката, такви биле па дошле до израз. Тој што е почитуван и чесен, таков ќе остане цел живот и во власта и надвор од неа! Но, никогаш не е доцна да се исправат ,,грешките и гревовите кон народот“ и татковината,вели народот! Еве ја можноста, токму сега кога е вистински момент како да се стави крај на безумноста и лукративноста на двоецот Заев-Ковачевски и се врати достоинството на најстарата политичка партија во Македонија СДСМ или керка на СКЈ-СКМ.

Партија која е во оснивање и дефинирање а, а во реализација на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски,а не е ни чудо и Бранко Цервенковски?!

И така секогаш ќе биде, од голтари во политиката со милионски сметки после мандатот. Имаме и исклучок политичари кои во политиката влегоа со сопствен капитал.а да бидам искрен некој од нив инвестираа во Македонија и оставија ден денеска објекти кои се во полза на државата и црквата!Така секогаш ќе биде додека не почнеме да избираме правдени и посветени, чесни и поштени! Не е тоа невозможна мисија! Народот треба да почне да избира!

Да, за жал, системски деформациите, кои се слика на законите во сила! И недвосмислено, потребна е итна реформа на Изборниот законик, Законот за политичките партии со забрана за етнички партии кои “своите по потекло“ ги врамија во трла, Законот за потекло на имотот и Законот за конфискација!

За размисла е еден мандат пратеник и никогаш по втор пат, како и воведување на институтот отповикување на пратеник во текот на мандатот, аман од недопирливи!

Иаку, станавме лидер во светот по корупција и организиран криминал, во злосторничко здружение како по правила се владата, јавното обвибителство и судиите! И до “кадија те тужи, кадија те суди“! А, те намерачиле од власта, ти нема крај на одот по маките!

Мора да се институционализира механизам за одговорност за промашени одлуки, за наместени тендери за фирми од мојата партија… ДУИ станаа недопирливи, ниту еден суден и осуден за криминал, ама кога власта на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ зависи од волјата на приклонетоста од ДУИ! Па не страдаат само Македонците, страдаат уште повеќе и Албанците од овој монопол врз власта без одговорност за злодела и дела против народот и граѓаните!

Интересна е изјавата на Претседателот на Движењето на БЕСА,Билал Касами,заПрограмата 200 на ТВ Алсат-М,рече дека на Албанците во Македонија им е доста од ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети,кои се на власт 20 години.

Зборувајќи за владеењето на ДУИ бо последните две децении,Касами го споредува Али Ахмети со албанскиот диктатор Енвер Хоџа!

Чуди ноншалантноста на власта за престојната енергетска криза. Наместо мерки за спас и извор на гориво, Владата ја распродава Македонија и Македонскиот народ на бугарските асимилаторски интереси: Да не снема! Да не побугарчат по сите основи, поради сервилноста на марионетската Влада! За ЕУ, прашање дали ќе ги почнеме разговорите, топката ја фрлија во нашиот двор, ако го прифатиме велепредавството од Софија за неизживеаната романса за Санстефанска Голема Бугарија во чии ментални граници треба да влезе и државата Македонија со се Македонците, по род и државјанство!

За кризата збореше Пендаровски единствен пред сите дали сакајќи да им удри „политичка шлаканица на троецот“ Заев Ахмети Ковачевски, не се играјте со мојот мандат кој го очекувам како втор и не го давајте на авторот на Апоклаипсата на Македонија – Зоран Заев кој се дрзна да си регистрира фондација за негова можна претседателдска функција, очекувајќи мрсни гласови од братјата Албанци, а видовме дека тие се единствени кога станува збор за некоја можна реализација на некоја од идеите за албанската кауза?!

Е па зошто народот, после се’, не излезе самоиницијативно на улица да побара одговори на прашањата:

(1) Зошто и каде отидоа, каде се потрошени, повеќе од 4,5 милијади евра од Светската банка и други банки кредитори од 2017 до денес? Зошто немаме билборди низ цела Македонија со прашање: Каде, и за што се потрошени 4,5 милијарди ЕВРА од 2017 до денес?

(2) Зошто имаме нов ТАТ во Македонија – Еуростандард банката, скандал тежок неколку стотици милиони евра?Го запрашав Господинот Трифун Костовски која е вистинската слика со случајот Евростандард Банка ,Костовски ми одговори:„ Ние како семејство со случајот Еуростандард Банка загубивме цирка 100 милиони Евра…како Банка и врзани капитално нашите фирми…ГОФИ ДООЕЛ…загуби згради во центарот на Скопје,Палата Македонија и зградата на поранешна Поштенска Банка фклучително со финанскиски сретства на фирмата…Страдаа Негорски Бањи, Култура и други,а Македонски Пошти се пред затварање. Се уништи работењето каде 120.000 пензионери мораа да се преселат во други банки и се намали трансферот на готовински срества од 24% на месечно ниво на 1%..загубите на останатите правни физички лица се огромни,говорам за коминтенти на РСБанка.Извештајот на Драго Кос е 100% веродостоен“ изјави Трифун Костовски! Дали ,и за оваа ттреба билборд да се закачи низ цела Македонија?

(3) Колкава е заштедата во Буџетот со новоизградените институции од поранешната влада на ,,диктаторот и бегалецот“ Никола Груевски како милуваат мегафоните и салонските новинари на СДСМ да го нарекуваат ,од проектот Скопје 2014, за кои порано, само за кирии за министерствата и другите органи се одлеваа милиони евра на туѓи сметки, не е лошо Владата да даде информација чии биле зградите за кои министерствата и другите органи плаќале кирии? Дали и за ова треба билборд низ цела Македонија?

(4) Каква е партизацијата на институциите на власта врз основа на партиски вработувања и несолветни кадри со несоодветно образование или купени дипломи?

Неразбирливо е каде се движеме како држава и нација? Зошто незаинтересираност, кога во прашање е нашиот опстанок?

Зошто индолентност кон разорните резултати по нацијата и државата од марионетската влада на СДСМ и ДУИ?

Жртви сме сите народот и граѓаните, сите Македонци по род и државјанство во државата Македонија?!

Народот прашува и констатира: Што има Македонија денес?!

Крајно, познатиот англиски филозоф Томас Хобс со неговата мисла: Секој против сите и сите против секого! Томас Хобс детектирал три основни мотиви за оваа состојба: натпревар, сомневање и слава. Првата причина ги поттикнува луѓето да напаѓаат други луѓе поради добивка, втората поради безбедност, а третата поради углед! И затоа, не случајно Хобс го прифатил латинскиот афоризам Homo homini lupus est! (Човек на човека му е волк!) За потврда на својата теза, Хобс ги посочува индијанските “диви“ народи од Америка како уверлив доказ дека човековата природа е состојба на војна! Се разбира, Томас Хобс никогаш не ги видел современите скандинавски општества. Доколку ја прифатиме тезата дека природната состојба на човекот е војна против сите, а човекот на човека му е волк, тогаш како Скандинавците изградија мирољубиви, демократски и правични општества? Далеку од тоа да идеализираме. Но, што говорат фактите! Според Индексот за демократија за 2019 година – Норвешка, Исланд, Шведска, Финска и Данска се наоѓаат на врвот на листата како најдемократски држави во светот! Единственото логично објаснување е дека институциите ги создадоа скандинавските општества! Една од теориите вели дека институциите ја обликуваат личноста, односно граѓаните. Но, не смееме да заборавиме дека институциите немаат природно, туку културно потекло. Впрочем, културата го обликува човекот од моментот на неговото раѓање!

Каде сме ние во оваа приказна? Со децении слушаме дека се стремиме кон демократијата. Но, патот кон демократска и слободарска Европа не е поплочен со ароганција, нетолеранција и авторитарност. Напротив, треба да ја негуваме демократската култура, доколку сакаме демократски институции. Михаил Бакуњин не е во право кога говори за коруптивното дејствување на секоја власт: “Земете го најзапалениот можен револуционер и ставете го на серускиот престол, или дајте му диктаторска власт, тој за една година ќе стане полош и од Александар Николаевич!“ Ова е класичен пример на генерализација, меѓутоа ние не треба да генерализираме.

Демократската култура создава демократско општество, а демократското општество создава демократска личност, која не ја злоупотребува власта. Само погледнете ги Швајцарија или Финска.

Правилната формулација гласи, дека авторитарните и недемократските општества создаваат авторитарни и недемократски личности. Затоа, нашата политичко-општествена елита треба да се стреми кон општество на мирољубиви и конструктивни граѓани, а не општество во кое ќе доминираат агресивни и воинствени личности. Таа треба да биде пример за сите граѓани и не треба да заборава дека секоја одлука што во целост го засега општеството треба да биде конструктивна, односно да се донесува преку дијалог. А не она нашето: “ТИ знаеш… ТИ ќе ми кажеш!“ А ништо не знае тој што ова на друг му го вели!

Премиер кој бил прогласен за трајно неспособен за воен рок! Како е можно лице со дијагноза “трајно неспособен“ да добие безбедносни цертификати и да стане премиер на држава?

Другото лице, одамна ни е познато, тој владее со Македонија, иако остана недемантирана дијагнозата шизофренија од Швајцарија! Спикерот, дезертер од АРМ, порано и министер за одбрана, а командант во регионот на масакрите Карпалак и Вејце!

Потпретседател на Собранието едно време беше Командантот на Генералштабот на ОВК на Косово, командант за територијална одбрана на Македонија!

На локалните избори во Тетово, неодамна одржани, носителот на листата на СДСМ, Македонец, му извадија документи дека за да се вработи порано лажел дека е Албанец?! Ниту Заев не бил регрутиран во АРМ за време војната 2001 година!

Да, тогаш СДСМ апелираше на бојкот на регрутацијата во АРМ на целата територија на Македонија, додека татковината крвареше со агресијата од Косово помогната од Бонд Стил!

Затоа, народе, Ве потсетувам дека вие сте силата, вие сте претседателот, вие сте спикерот, вие сте премиерот на Mакедонија! Самите побарајте ИЗБОРИ, не плукајте по опозицијата,и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски,и колаицијата тие Ви се единствениот компас во ќорсокакот и излезот од ова мочуриште на длабоката држава во Македонија!

Кажете му на светот дека сте НАРОД за почит, а не за потсмев, бидејќи ВИЕ го дефинирате и трасирате патот на државата Македонија, но со чесни, честити и некорупирани, а не со предавнички политиканти и злосторници!

Затоа, НЀ копајте си ги очите, ќе ви требаат!

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Шутка недостигале 13 затвореници, 12 се вратиле, еден никаде го нема

При вонредна контрола на затворот Шукта на инспектори на Управата за санкции утврдени се низа нерегуларности. Од Управата за Телма велат дека дури 13...

Амбасадорот на Република Турција (Турк Фатих Улусој, во прва официјална посета на Општина Охрид.

Амбасадорот на Република Турција (Туркије), Фатих Улусој, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. Графоначалникот Пецаков на средбата со Н.Е. разговараше за можностите...

Ангелов им додели благодарници на странските пилоти кои помагаат во гаснењето на пожарите

Синоќа (петок, 19.07.2024), на храбрите пилоти од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, кои ни помагаат во справување со огнената стихија, во знак...

Таравари го именува доктор Горан Маркоски за нов дирекор на Општата болница во Охрид.

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори во следните јавни здравствени установи: – Клиничка болница Битола, Ненси Лозанче – Институт...