6.9 C
Ohrid
петок, април 11, 2025
ПочетнаМакедонијаПосле големиот инцидент со Адеми, се огласија од СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е виновно...

После големиот инцидент со Адеми, се огласија од СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е виновно за се…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Секогаш кога темата правда е на дневен ред во Собранието ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, деструктивна, прави тензии а сега дури се обиде да испровоцира и физичка пресметка. Тоа е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги брани криминалците на режимот и секогаш ама секогаш е против функционален судски систем.

<

Ова стои во реакцијата на владејачката СДСМ по повод инцидентот на седницата на Комисијата за европски прашања, каде дојде до физичка пресметка на претседавачот Арбер Адеми од ДУИ и пратеници од опозциската ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците.

Проблемот со недостаток на судии ВМРО-ДПМНЕ не сака да се реши само за да се намали ефикасноста на судскиот систем и во надеж дека тоа ќе значи забавување на предметите кои директно водат до Белиот дворец. Затоа ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се труди да ја блокира Собраниската комисија, да не се продолжи мандатот на судиите и така да се забават судските предмети. Антонио Милошоски, за кого има веќе неколку предмети, е главен иницијатор на тензиите во Собранието, можеби затоа што лично е засегнат. Ако досега не му беше јасно на ВМРО-ДПМНЕ треба да му стане јасно, никој нема да побегне од правдата. Бадијала се прават тензии, секој што се огрешил од законот ќе одговара! – порачуваат од СДСМ.Реагираше и ДУИ, според која ВМРО ДПМНЕ и АА го бранат криминалот и употребуваат насилство во Собранието.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заменик-министерот Ристески: Точно е дека ме касна куче, ама не зедов финансиска оштета.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, потврди дека бил каснат од куче, но дека не земал отштета од 100.000 денари. Ристески инаку е поранешен градоначалник на...

Александар Глигоровски е 61-та жртва во дискотеката Пулс

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драгана Анастасов, се огласи на социјалните мрежи. Тој изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на Александар. Изразуваме длабоко сочувство до семејството...

Инцидент во Ѓорче Петров: Додека граделе нова го урнале ѕидот на соседната зграда

Додека градат нова зграда, пробиле ѕид на соседната. Хаварија при градежни активности ги вознемири жителите на станбениот блок на ул. Партизански одреди во Ѓорче...

Полицијата во Кондово пронајде пиштол !!

Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице На 10.04.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ф.(35) од с.Кондово, скопско....