12.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаОсмани не се откажува: Ако сега кажеме НЕ, верувајте ми, илјадници луѓе...

Османи не се откажува: Ако сега кажеме НЕ, верувајте ми, илјадници луѓе ќе земат пасоши од соседството и ќе си заминат од нашава држава

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека предлогот доставен од француското претседателство со ЕУ е добар, ни го отвора патот и ни овозможува да го фатиме последниот воз за ЕУ.

Неговото неприфаќање носи ризици за бесперспективност, кризи, заглавување во балканската кал. Ова, вели шефот на дипломатијата, се времиња кога треба да се донесат државнички одлуки за наредните генерации.

–Веќе почнаа официјално да се отвораат теми за нови унии, за нова политичка унија. Ако сега ние не почнеме, Албанија ќе почне со преговорите, ние ќе останеме, Бугарија оди на избори. Со таквите анкети најверојатно нема да има влада во наредните година-две, ова прашање ќе заглави во наредните години и години. Тука ние ќе имплудираме од сите кризи можни коишто ќе се појават од немањето перспектива. Луѓето ќе почнат да решаваат конечно да бегаат од овде затоа што имаат семејства кои се уште се надеваат дека ќе бидат добро, дека ќе има европска перспектива, ги задржуваат децата овде, не земаат странски пасоши. Ако ние кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, ако народот сфати дека нема иднина, верувајте дека илјадници ќе почнат да земаат пасоши од соседството, илјадници ќе донесат одлука да заминат и да ја напуштат државата затоа што нема иднина, истакна Османи на брифингот со новинарите во МНР. 

Османи смета дека во тој случај кај нас ќе има меѓуетнички тензии, ќе почнат тензии меѓу различните категории граѓани, ќе ја имаме најтешката година оваа зима со енергијата, со храната позади глобалната криза…

-И во услови кога светот е во војна ние да зборуваме за лажни интерпретации дека некој ќе не бугаризира, кога од нас зависи. Никој не може нас да не натера да прифатиме нешто, во никоја форма за што било. Мислам дека ќе биде неодговорно и е срамно за вакви прашања да се води пак иста политика за некој да стане министер или стане премиер. Цел политички капитал сме внеле во ова прашање и на сметка апсолутно и на нашите кариери и на нашите политички партии. Но, ова се времиња во кои државници одлучуваат, истакна Османи. 
Шефот на дипломатијата потенцира дека разлика помеѓу политичар и државник „е што политичарот мисли само за наредни избори, државникот за наредни генерации“.

-Ова се времиња кога треба да се донесат државнички одлуки за наредните генерации, потенцира Османи.

Неприфаќањето на овој предлог, според него, значи одбивање на можноста прашањето на македонскиот јазик да се затвори еднаш и засекогаш, одбивањето значи заглавување во балканската кал со сите можни последици овде и губење засекогаш перспективата на ЕУ.

-Така што, јас затоа со сите овие аргументи, не само мои, со експерти од МНР коишто беа дел од овој дел, коишто никогаш не биле партиски ориентирани биле блиски со министри од сите влади, шефови на кабинети од министри на влади на ВМРО, никогаш не сум видел кој, што, каков е. Сите едногласно велат – ова мора да се прифати затоа што ги имаме нашите позиции овде, затоа што ако го одбиеме тогаш ние мора да ставиме црта на нашите европски перспективи засекогаш. А нема овде ризик којшто може да не натера да направиме нешто. И да ја завршам тука реченицата – логиката од страв да не не блокираат да останеме блокирани во наредните децении е патолошка, потенцира Османи.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...