Претседателот Стево Пендаровски му порача на лидерот на ЛЕвица дека неговата мајка е почината веќе 10 години и дека физички би се пресметал со него доколку тоа му го кажел во очи.
– Тој тип минатата година ја пцуеше јавно Радмила Шекеринска, и знам за каква креатура се работи, но да ми пцуе починат родител не можам да разберам. Мојата мајка е почината пред 10 години, но не се простува пцуење на гроб на родена мајка. Тој е психопат кој е или луд или нашмркан. Избран пратеник во парламент никаде не пцуе родител на колега политичар. На Балканот тие работи ако имаш нешто меѓу нозе се кажуваат во очи, па ќе знаеше што ќе му следува. Но што да очекувате од такво големо македонско маже кое не турка далеку од фундаменталните вредности, рече денеска Пендаровски по завршувањето на Советот за безбедност.
Пратеникот Апациев доцна во петокот му упати пцовка на шефот на државата преку социјалните мрежи затоа што Пендаровски не се огласи дали го подржува францускиот предлог.