3.9 C
Ohrid
петок, ноември 15, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицијата експресно го уапси и третиот пиштолџија кај „Скендербег“.

Полицијата експресно го уапси и третиот пиштолџија кај „Скендербег“.

Станува збор за лицето во црна облека кој покажа пиштол при инцидентите претходната недлеа. МВР соопшти дека станува збор за лице со иницијали А.Р. кој е роден 1993 година. Тој во полициска станица го признал делото. Со ова, уапсени се трите лица кои јавно беа видени дека имаат пиштол, а еден од нив, Цуфи Кока, истрела два куршума во воздух при протестите против францускиот предлог и заработи кривична пријава.

Денеска полицијата уапси и 37 – годишен скопјанец, за кого има докази дека на протестот пред Собранието фрлал со камења кон полицискиот кордон и кон зграда. Тој со ова, спорд МВР, ги нападнал полицајците кои беа на должност. И тој доби кривична пријава за учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

Вчера полицијата уапси уште две лица на 18 и 32 години, двајцата од Скопје. И против нив е поднесена кривична пријава за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, бидјеќи ги каменуваа полицајците и Собранието.

Досега полицијата уаспи 27 лица кои учествуваа во протестите и фрлаа со камња или предизвикаа општа опасност.

Инаку, скопското обвинителство веќе поднесе обвинение против 12 лица со кое бара судење поради протесите на 5 и 6 јули.

Деветмина се обвинети дека учествувале во толпа кои извршиле кривично дело со фрлање на камења кон полицијата и собраниската зграда со што беа повредени 26 полицајци, од кои едниот тешко. Додека тројца се обвинети за предизвикување општа опасост.

Еден од нив е Цуфи Кока кој пукаше кај „Скендербег“, другите двајца се кои подготвувале и фрлале молотов коктел. Обвинителството ја процени штетата на Собранието на безмалку 10 000 евра. Дел од обвинетите се во ефективе, дел во домашен притвор.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За малку избегната тепачка во Македонското Собрание..

Инцидент ја одбележа расправата за Предлог-буџетот за 2025 година на Комисијата за финансирање и буџет, додека пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, беше на говорницата. Битиќи,...

Отказ за 15 високи полициски функционери- Давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување

Министерот за внатрешни работи откри дека во минатото се давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување. Поради ова, Одделот за...

Мечка сред бел ден се шета низ Ранковце…

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница. Во...

Уште еден од најугледните полициски службеници во СВР Охрид, Горан Коруноски, од денес заминаува во пензија..

Горан Коруноски е роден 31.03.1973 во градот Кичево, прекрасен сопруг и татко на две машки деца. Неговите полициски денови започнаа во далечната 1994 година во...