16.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаОддадена почит кон бранителите кои загинаа бранејќи ја татковината во 2001 година

Оддадена почит кон бранителите кои загинаа бранејќи ја татковината во 2001 година

spot_imgspot_img

Со панихида и положување цвеќе пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје претпладнево беше оддадена почит кон 10-те загинати бранители од прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година.

Почит им оддадоа претставници на Владата, Министерството за одбрана, од Кабинетот на Претседателот, Собранието, општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичката партија ВМРО ДПМНЕ и поголем број здруженија на бранителите како и граѓански организации, пренесе Независен.

– Тој ден тргнавме од Прилеп да го браниме Тетово, но не стигнавме. Секоја година по 18-ти пат го поставуваме барањето за споменик. Дали личи и дали тие луѓе заслужиле почит да им се даде на споменик. Секојдневно преживеаните умираат, од 118 луѓе секој ден умира некој од негрижа. – изјави Ацо Јовановски-Реган, кој бил дел од резервните припадници на Армијата во конвојот од Прилеп.
Јордан Трајковски од здружението на резервни воени обврзници од Прилеп истакна дека ниту едно ветување досега не е исполнето. Тој го повика премиерот Зоран Заев на средба за да се решат проблемите.

– И по 18 години ништо, ветувања и ништо. Зарем овие 10 не заслужија спомен обележје што го дадоа својот живот за Македонија. Односот на власта е ист како и претходната, нема апсолутно никаква разлика. Го повикувам премиерот Зоран Заев, бидејќи пред 7 години кога беше потпретседател на СДСМ, потпишавме меморандум за соработка во кој тој се обврза дека ако дојде на власт 90 отсто ќе бидат исполнети барањата на учесниците во 2001. За жал заборави и сакам да го потсетам, да оствариме средба и да се решат проблемите. Половина од учесниците мизерно го завршија својот живот, без работа и здравствено осигурување. Ние како да бевме погрешната страна, иако бранејќи ја државата немаме никакви права. – изјави Јордан Трајковски од здружението на резервни воени обврзници од Прилеп.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...