15.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаОд денес заборавете движење во шума, ако ве затекнат ќе бидете казнети...

Од денес заборавете движење во шума, ако ве затекнат ќе бидете казнети од 1500 до 3000 евра

spot_imgspot_img

На барање на ЈП „Национални шуми“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, воведе делумна забрана за движење во шума, во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“.

Одлуката е донесена со оглед на зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор заради високите температури кои се најавуваат во летниот период.

ЈП „Национални шуми“ апелира до сите граѓани на Република Северна Македонија, на исклучително внимание при движење во шума и избегнување на сите активности што можат да предизвикаат пожар.

И покрај тоа што грижата за шумите треба да биде длабоко врежана во свеста на секој граѓанин, се апелира да реагира според сопствената совест, со што ќе придонесе во заштитата и зачувувањето на животната средина што се цел и императив на работењето на ЈП „Национални шуми“.

Забраната започнува да важи од 08.08.2019 година, и тоа во времето од 06:00 до 20:00 часот и ќе трае се до нејзиното отповикување.

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1500 до 3000 евра.

Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП „Национални шуми“, субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (национални паркови, парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и слично), кои вршат дејност заштита, МВР, Шумска полиција, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Државниот инспекторат за животна средина и други инспекторати до слична надлежност.

МЗШВ ги информира сите граѓани дека се забранува палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...