21.9 C
Ohrid
среда, јули 9, 2025
ПочетнаМакедонијаВо спомен на херојот ФЕЈЗО ЏЕЛАДИНОВСКИ - загинува во заседа од терористите,...

Во спомен на херојот ФЕЈЗО ЏЕЛАДИНОВСКИ – загинува во заседа од терористите, кај караулата Танушевци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Како и секој татко, така и Ферид гордо го испрати својот син Фејзо во армијата која треба да ја чува и да ја брани ако затреба земјата и нејзината слобода и интегритет. Со своите војнички другари и 20 годишниот Фејзо се најде на границата недалеку од Танушевци.

<

Одговорноста и чесната задача да се бранат мегите на татковината, ја чуствуваат сите кои само еднаш се движеле на граничниот појас. Беше таму со младешката храброст и омилениот војник Фејзо.

На 03.07.2001 година откако го пречекаа конвојот на Рамно што доаѓаше од касарна Илинден почнаа да се повлекуваат према караула Танушевци каде што требаше да се истовари храната и останатите намирници предвидени за војската од караула Танушевци, Кодра Фура, и школ. Танушевци. Времето беше врнежливо и доста магловито. На 800 метра пред караула Танушевци се случува заседата. Имено, и покрај големото обезбедување кое беше претходно поставено припадници на УЧК прво отвориа оган на десната страна од патот при што го свртеа вниманието на војската (претежно резервисти), а после тоа од левата страна на патот од страна на стариот пат што води према с.Танушевци притрчува припадник на УЧК и со ракетен фрлач Зоља смртно го погодува (на три дена пред завршување на воениот рок) Фејзо во главата, при што транспортното возило Леонидас со кое управуваше тој без контрола застанува на самa бездна.

Откако го извлекоа телото на Фејзо, војникот по договорот Сашо Илиевски се пријави како доброволец (иако немаше претходно искуство) да го извлече Леонидасот. Го закачиа со сајла за Тенк Т55, мрднува едно метро, и поради лошата команда сајлата се откачува од Тенкот, при што Леонидасот прави десетица превртувања во бездна. На тој ден покрај тоа што погинува Фејзо, со траен инвалидитет останува и војникот по договор Сашо Илиевски.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

СДСМ: Додека ние бевме на власт, за 7 години, изгоре помалку шума отколку само за една година откако е ВМРО власт

Владата повторно ги остави граѓаните сами да се борат со пожарите, гледаме катастрофална неподготвеност на институциите, се вели во соопштението од СДСМ кое го...

Херој од Чучер-Сандево: Младиот волонтер Иван Кукуновски во стабилна состојба по вдишан чад

Младиот волонтер Иван Кукуновски, кој вчера се здоби со здравствени компликации при гаснење на пожарот во општина Чучер-Сандево, е во стабилна состојба и моментално...

МВР: Постапуваме по случајот со нападот на советничката Витина

Полицијата постапува по наводите за напад на советничката Ирена Витина при интервенција на див приклучок на водоводната мрежа. Во изјава за „Локално“, од Министерството...

Познатата македонска актерка откри дека била во љубовна врска со Бранко Црвенковски

Познатата актерка и водителка Весна Петрушевска откри интимна и досега непозната од својот живот, дека во младоста била во љубовна врска со поранешниот премиер...