26.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаБретен – малиот град со најмногу Македонци (Делчевци) во Германија

Бретен – малиот град со најмногу Македонци (Делчевци) во Германија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес ви ја раскажуваме приказната за Бретен, град во кој според кажувања на наши жители, живеат најголем број Македонци во регионот Баден-Виртенберг. Зафир Васев е иселеник кој моментално е во пензија, кој е еден од првите кој со тогашната група Македонци пристигнал во Бретен во седумдесеттите години од минатиот век. Најголем дел од нив работеле во најголемата фирма за производство на шпорети ,,Неф” каде работела и неговата сопруга Блашка, а работел и приватно после работата со што стекнал капитал за мирен и безгрижен пензионерски живот. Карактеристично за ова семејство е што во нивната куќа во Бретен, како што раскажува Васев, тогашниот сопственик на фирмата ,,Неф” за време на војната ја има криено неговата сопруга Еврејка од нацистите.

<

Чичко Зафир Васев со гордост се сеќава на времето кога како што вели ,,Господ и Тито” оделе по земјата. Тоа било време кога голема група Македонци пристигнале во Бретен на работа и останале на работа во овој град. Според кажувањата на неговиот син Бошко Васев кој им посредува на Македонците за работа во Бретен, во моментот има околу 2000 Македонци кои својот леб го заработуваат во ова германско гратче. Токму благодарение на ова семејство, а најмногу на иселеникот Бошко Васев имавме прилика во два наврати да го посетиме Бретен.

Приказната на чичко Зафир на овој линк:https://fb.watch/eCOubXQO45/TUKA

Delcevo.365

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби На 04.08.2025 во 00:15 часот во Дебар полициски службеници од Полициската станица...

Ново светилиште во охридско, Пецаков донира икона за црквата „Св. Атанасиј“

Убав и радосен ден за Охрид и Лакочереј! Денеска се освети црквата Св. Атанасиј Александриски во село Горно Лакочереј која сега стои како ново духовно...

Мицкоски: Го осудувам националистичкото скандирање во Куманово, иако искрено не го ни забележав

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше навредливото и националистичко скандирање на мечот Македонија-Романија во Куманово. Премиерот рече дека Кошаркарската федерација на Македонија и Општина Куманово...

Скопјанец почина по пад од тротинет.

Скопјанец почина по пад од тротинет. Случајот во полиција бил пријавен изминатиот викенд. -На 02.08.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека...