4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаЖивотот на ризик за 400 денари дневница – повеќе од 200 полицајци...

Животот на ризик за 400 денари дневница – повеќе од 200 полицајци ќе го тужат МВР

spot_img

Повеќе од 200 припадници на МВР меѓу кои и од шеста управа подготвуваат тужби за МВР, бидејќи не им се исплатени дневниците за продолженото работно време за време на протестите против францускиот предлог информира претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев, пренесува ТВ 21.

„Нападот на униформа и на полициски лужбеник е напад на држава. Ако е така, Независниот синдикат нема да го остави МВР ни под разно на мира, а некои од полициските службеници кои добија и бекатони и бетони и асфалтни парчиња и цигли и цефки во глава, што се не“, вели Гоце Делчев.

Законски на околу 500 полицајци требало да им бидат исплатени дневници од по 2.000 денари, но некои добиле 400 или се подготвуваат по толку, па полицајците не ги прифаќаат и во СВР Тетово и СВР Штип ги вратиле. Вината ја лоцираат кај раководителите на организационите единици.

„Несосодветен паричен износ за кој Независниот синдикат до Државниот трудов инспекторат поднесе барање да се преиспита се во сите сектори во МВР кои имале обврска согласно барањето на СВР Скопје да им праќаат полициски службеници“, додава Гоце Делчев.

Како за потсетување на протестите каде полициските службеници беа ангажирани имаше 50 повредени полицајци меѓу кои двајца потешко.

За ваквите обвинувања побаравме одговор од Министерството за внатрешни работи, но до овие вести не добиме.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...

Македонски лекари херои во Магдебург: Д-р Станковски и Д-р Митевски спасуваа животи

Македонската амбасада во Германија на својот фејсбук профил напиша македонските специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, синоќа го дадоа...

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...

Младата охриѓанка Анастасија Смилевска ќе ја претстави Македонија на Европско карате првенство во Полска

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот „Кун-су-то“ Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со...