18.8 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаСелами од ДУИ со закани до градоначалничката Арсовска за избрканите 33 лица...

Селами од ДУИ со закани до градоначалничката Арсовска за избрканите 33 лица од Комунална хигиена

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Абдул Селами, заменик-директорот на УЈП, со закани до градоначалничката Арсовска за избрканите 33 лица од Комунална хигиена Данела, немој да мислиш дека си нашла ‘планина без волк’, па ќе можеш да правиш што сакаш, ѝ порача Абдул Селам Селами, заменик-директорот на Управата за јавни приходи, на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, по одлуката за прекин на договорите за 33 лица привремено вработени во ЈП Комунална хигиена-Скопје. Според соопштението на претпријатието тие со месеци и години земале плата, а не оделе на работа. Кратко по објавата Селами го избриша фејсбук-постот.

<

Абдул Селам Селами е член на владеачката Демократската унија за интеграција.

„Даноци на имот, плаќања за вода, за општинска хигиена, за паркови и зеленило – тоа се плаќања од истите граѓани, кои ТИ со ова твое владеење ги запоставуваш и ги третираш како граѓани од втор ред. Немате предвидено ниеден кадар-Албанец во дирекцијата, каде што раководи градот Скопје, па од неодамна почна и да отпушташ работници-Албанци од работа! Саламандии можеш да кажуваш во приватниот сектор, или во твојата компанија, од каде што доаѓаш, но НЕ и со народните пари на граѓаните на Скопје“, напиша Селами на фејсбук.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...