26.9 C
Ohrid
вторник, јуни 10, 2025
ПочетнаМакедонијаМедот достигна рекордна цена – „Ако 1кг Нутела е 500, зошто медот...

Медот достигна рекордна цена – „Ако 1кг Нутела е 500, зошто медот да не е 1000 денари?“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За пчеларите оваа година била една од најдобрите според количините на мед. Но, очигледно и според цената ако се земе предвид дека медот ќе го продаваат до 20 евра. Ако до минатата година се продаваше за 10 евра годинава цената на медот е зголемена за 20 до 30 отсто заради економската ситуација и покачувањето на трошоците. Па, се поставува прашањето дали и медот почнува да станува луксуз?

<

„Не сметам дека е скап, бидејќи една тегла нутела од 750г чини 270 ако го пресметам 1кг. нутела чини 500 денари. Мед со нутела да се споредува е катастрофа. Медот се вади еднаш годишно, а нутела можеме да правиме кога сакаме во фабрика“, изјави пчеларот Нусмир Рамадани.

„Цената на медот во зависност од економската логика на пчеларите треба да се движи минимум 600 денари, а максимим до 1200 денари“, изјави пчеларот Ванчо Кировски.

„Ние не сакаме да биде луксуз медот, сакаме да биде достапен за широка потрошувачка како превентива и како исхрана , но природата си го прави тоа“, додаде Кировски.

Формирањето на цената велат зависи од повеќе фактори не зависи од медарите. Климатските промени, глобалното затоплување влијае на количините на производство на квалитетен мед.

„Пчелите не идат со гориво, но ние идеме до пчеларниците со гориво така ги носиме материјалите кои од четвртти месец се качуваат најмалку 30-50% од даски до сите други потребни материјали. Пред три години еден кубик даски беа 180 евра сега е 360“, вели пчеларот Рамадани.

Трошоците се зголемени за 60 до 100%. Кога зборуваме за горивото пчеларниците се оддалечени од нашите домови, а мораме секојдневно да патуваме за да ги посетиме. За одржување на новите роеви потребна е шеќерна прихрана, а шеќерот е поскапен за 100%. Амбалажите се поскапени за пакување на медот“, истакна пчеларот Ванчо Кировски.

Нашите медари ги задоволуваат потребите од мед во земјава. Оној велат што доаѓа од увоз од Кина е со послаб квалитет. Кога ќе паднат температурите и ќе почнат да се појавуваат гриповите се зголемува продажбата. Едно пчелно семејство годишно произведува од 10 до 20 кг мед што зависи од температурата, климата.<iframe width=”602″ height=”339″ src=”https://www.youtube.com/embed/gO5hPTZXw7s” title=”Медот достигна рекордна цена – „Ако 1кг Нутела е 500, зошто медот да не е 1000 денари?“” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

24 годишна охриѓанка била пронајдена мртва во казино во Скопје, каде што работела !!!

На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината...

Мицкоски за Арсим Идризи: Ако уште еднаш му се повтори да не зборува македонски, ќе го разрешам.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. Според Мицкоски, тоа...

Заврши учебната година, министерката на учениците им порача да читаат лектири летово

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денес им упати честитки на сите основци и средношколци што ја завршуваат учебната година, со...

Втор инцидент за два дена: “Параглајдерист виси на жици во с.Беранци- Битола”

Нов инцидент со параглајдер се случи вчера во селото Беранци, во близина на Битола. Според првичните информации, параглајдеристот завршил заглавен на електрични жици. Засега...