6.9 C
Ohrid
вторник, ноември 12, 2024
ПочетнаМакедонијаИнспекцијата излегува на терен:Во основно училиште во Прилеп тоалети украсени со Гучи,...

Инспекцијата излегува на терен:Во основно училиште во Прилеп тоалети украсени со Гучи, Прада, Диор.

МОН ќе испрати инспектори за да извршат надзор во новите тоалети за ученички во основното училиште „Климент Охридски“ во Прилеп, изјавија за МКД.мк во министерството. Инспекторите ќе заминат во градот под Марковите кули откако директорот на училиштето, Ахил Јаков, преку Фејсбук се пофали дека во училиштето е завршено реновирањето на тоалетите за учениците и дека тие се сега модерни, убави и опремени со сензори. За дел од родителите е спорно што тие се украсени со логоа на странски скапи модни брендови како Гучи, Версаче, Диор, Зара, Луј Витон… На фалбите од директорот исто така преку Фесјбук реагираа родителите според кои тоалетите за ученичките во еден дел се не само кич, туку и се спротивни на вредностите на кои нивните деца треба да се учат и воспитуваат.

Покрај цртежи од ликови од цртани филмови и приказни за деца, што според нив е во ред за возраста на децата, им пречи што во женските тоалети се испишани и логоа на скапи модни брендови, па поставуваат прашања дали е тоа согласно на напорите во општеството за правилно воспитување на таа возраст на децата.

МКД.мк побара став од Министерството за образование и наука за реновираните тоалети во основното училиште „Климент Охридски во Прилеп, особено во насока на прашањето дали е соодветно и во образовно-воспитна смисла исправно женските тоалети во ова училиште да се испишани со логоата на брендовите Гучи, Версаче, Диор, Зара, Луј Витон…

Во одговорот што за МКД.мк го даде министерството се вели:

„МОН ги поздравува заложбите на сите општини за обезбедување на подобри услови во училиштата, затоа што најдобрите интереси на учениците треба да бидат основната цел по која и локалните самоуправи и МОН треба да се водат во своето работење. Ја цениме секоја инвестиција во обнова на училишни постории, но секој проект освен што мора да биде во согласност со нормативите и стандардите за училишни објекти, кога станува збор за ентериерно уредување, треба да се внимава тоа да биде и соодветно на возраста на учениците. По однос на споменатото училиште, просветни инспектори ќе направат надзор, по што ќе бидат споделени повеќе информации со јавноста“.

а училиштетот претходно oбјави видео од реконструираните тоалети и се пофали со зборовите:

„Со посебна чест и гордост објавувам видео од комплетно уредените ултра модерни тоалети во ООУ ‘Климент Охридски’ Прилеп. Посебно макотрпен проект, заборавен од времето на минатиот век… комплетно финансиски обезбеден од локалната самоуправа. Посебна благодарност за донацијата за сензорното осветлување на истите тоалети од фирмата ‘Диадема’ од Прилеп. Со овој проект, завршува комплетната реконструкција на сите тоалети во кругот на училиштето. Се надевам со тек на времето нашето училиште ќе биде едно од најубавите во Македонија”, напиша Јаков

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф.

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф Викендов што помина на 09.11 2024 во , соседна Албанија се одржа ревијален...

Али Ахмети, упати нова закана: Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати нова закана за масовна реакција на Албанците доколку Уставниот суд донесе одлука да го промени или укине Законот...

Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски

Утринава на 63- годишна возраст почина проф.д-р Владимир Мирчевски, светски признат неврохирург, специјалист на Лионската школа по неврохирургија, член на Американскиот конгрес на неврохирурзи,...

Почина Бошко од Кавадарци кој боледуваше од рак

Бошко Јанкулов, младиот кавадарчанец кој се бореше со малиген карцином на коски, карлица и бели дробови, за жал, ја загуби битката со болеста. Неговата...