16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаИлија Димовски: Во 1994 навивавме за Бугарија на СП, а сега им...

Илија Димовски: Во 1994 навивавме за Бугарија на СП, а сега им ја исвиркуваме химната

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека за вчерашните свирежи и навреди за време на интонирањето на бугарската химна на натпреварот во Скопје помеѓу фудбалските репрезентации на Бугарија и Македонија (0-1) е виновна политиката и наметнатиот договор за добрососедство.
Вината за скандирањата да си ја барате кај: 1. Политичарите во Македонија кои прифаќаат катастрофални уцени од Бугарија само со цел да си ги зачуваат кариерите.2. Политичарите од Бугарија кои сеуште живеат и работат како да се во 19-от век, со нескриени негаторски политика спрема македонскиот народ, констатира Димовски на Фејсбук.
Поранешниот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека во 1994 на Светското првенство во САД цела Македонија навивала за Бугарија кога го освои четвртотот место.
„Кој и што ја упропасти таа близина јасно се знае, а тоа најмалку се граѓаните кои вчера беа присутни на Националната Арена Филип Втори“, додава тој.

<

Министерството за надворешни работи денеска го осуди синоќешното исвиркување на бугарската химна од страна на 20-илјадитната поблика на арената „Тоше Проески“.

„Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла. Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи“, се вели во реакцијата на МНР.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) попладнево изрази „голема благодарност за импресивната поддршка“ која навивачите им ја дадоа на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на вчерашниот натпревар против Бугарија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство!

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство! Денес, во срцето на општина Пустец, Р. Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште...

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...