4.9 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаМакедонијаСкопјанец расекол и претепал полицаец, неколкумина не можеле да го задржат!

Скопјанец расекол и претепал полицаец, неколкумина не можеле да го задржат!

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“.

Како што информираат од Јавното обвинителство, на 10 декември извршувајќи работни задачи по претходно изготвен план „Безбеден град“ за подрачјето на Град Скопје, полициски службеник забележал автомобил кој се движел со поголема брзина кон ноќен клуб. Го запрел возилото и се обидел да го легитимира возачот и неговиот сопатник.

Притоа, совозачот во автомобилот најпрвин вербално реагирал на наредбата за легитимирање, а потоа започнал да му се заканува и да го навредува полицискиот службеник. Кога полицаецот го предупредил осомничениот да ги почитува наредбите, тој нагло се свртел кон него и со двете раце во пределот на градите се обидел да го завлече. Во тој момент реагирале уште неколкумина полицајци кои се обиделе да го оттргнат осомничениот и да му стават лисици на рацете, но тој продолжил да дава активен отпор. При туркањето, еден полициски службеник се здобил со телесна повреда – расцепна рана на вратот.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходната постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Перо Антиќ активно учествува во предизборната кампања на Вучиќ

Перо Антиќ веќе некое време објавува фотографии и видеа на неговите профили од политичкиот ангажман Во Србија идната недела ќе се одржат избори, а во...

Истиот лек во Германија е 310, а во Македонија 970 денари!

Ова е лекот Ко Росвера од 20 мг и 10 мг. Го препишуваат главно кардиолозите, а служи за одржување на ниско ниво на холестеротот...

Бил Гејтс: Интернетот помогна „лудите“ луѓе да се најдат едни со други

Мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил...

Османи: Следната мисија на ДУИ е претседател на државата

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи денеска во изјава за медиумите рече дека следната мисија на ДУИ е претседател, бидејќи тоа е единствената функција која...