4.9 C
Ohrid
петок, ноември 15, 2024
ПочетнаМакедонијаЗапленети 177 парчиња охридска белвица

Запленети 177 парчиња охридска белвица

Полицијата денеска привела лице од Република Албанија во чие возило биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица.

По преземени мерки и активности, информираа од МВР, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Св.Наум го привеле А.П.(53) од Република Албанија.

При контрола во патничко возило „фолксваген туран“, со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица, кои биле предмет на недозволена трговија од Република Северна Македонија кон Република Албанија, соопштија од МВР.
А.П. е приведен во Полициската станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За малку избегната тепачка во Македонското Собрание..

Инцидент ја одбележа расправата за Предлог-буџетот за 2025 година на Комисијата за финансирање и буџет, додека пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, беше на говорницата. Битиќи,...

Отказ за 15 високи полициски функционери- Давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување

Министерот за внатрешни работи откри дека во минатото се давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување. Поради ова, Одделот за...

Мечка сред бел ден се шета низ Ранковце…

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница. Во...

Уште еден од најугледните полициски службеници во СВР Охрид, Горан Коруноски, од денес заминаува во пензија..

Горан Коруноски е роден 31.03.1973 во градот Кичево, прекрасен сопруг и татко на две машки деца. Неговите полициски денови започнаа во далечната 1994 година во...