15.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаНовата министерка Нина Групер во МВР е заведена како сторител на кривични...

Новата министерка Нина Групер во МВР е заведена како сторител на кривични дела!

Предлог министерката за финансии Нина Ангеловска во електронскиот систем на Министерството за внатрешни работи е заведена како сторител на кривични дела врз кој била поднесена кривична пријава – покажува документот кој до „Економски Лидер“ го достави свиркач од полицијата.

Ангеловска во МВР има досие со број 0104729/18, а во историјатот на кривични дела стои дека на 22.03.2018, таа сторила дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“, по кое и била поднесена кривична пријава. Останува непознато дали од ОЈО го процесуирале случајот и дали е осудена од судските органи и пресудиле за делото.

Оваа личност со досие, на вчерашниот состанок на централниот одбор на владејачката СДСМ беше предложена за функцијата Министер за финансии.

Инаку, „Економски Лидер“ работи на истражување за измамничките походи на нејзината компанија „Групер“, во која има сериозни злоупотреби на даночниот систем во Македонија и злоупотреба на странски бренд. Податоците од нашето истражување ќе ги објавиме викендов.

Извор:Лидер.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...