30.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски за Софијанова: Ако има прекршувања веднаш да се постави нов директор...

Ковачевски за Софијанова: Ако има прекршувања веднаш да се постави нов директор на Клиниката

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски во врска со прилогот на новинарот Фуркан Салиу, кој го објави ТВ Клан за платата од 353.000 денари на директорката на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова на Клиниката, изјави дека доколку во конкретниот случај има прекршување на работните процедури и на овластувањата, веднаш да се постави нов директор на Детската клиника.

<

– Јас нема да навлегувам во квалификации за нешто за што немам детали пред мене. Но, веќе разговарав со министерот Сали, доколку има прекршување на работните процедури и на овластувањата веднаш да постави нов директор во Детската клиника, рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.

Министерот за здравство Беким Сали посочи дека за секој поединечен случај во кој има злоупотреба, секако дека ќе има санкции.

Моја одговорност и на Министерството е системски да ги решаваме проблемите иако повремено се појавуваат недоследности, односно злоупотреби од типот на почитување на работното време, начин на имплементација на Колективен договор. Во конкретниот случај има сомнеж за злоупотреба на почитување на Колективниот договор, според кој директорите имаат право да дежураат, да работат со пациенти. Тоа е измена во Закон која што беше направена пред две години, затоа што имавме случаи кога директор станува лице кое што е главен раководител на еден оддел и во тој случај пред заминување во директорската функција и немањето можност во одделот се чувствуваше таа празнина во секојдневната работа на болницата. Им се даде можност на директорите да дежураат и да работат со пациенти. За секој поединечен случај кој што има злоупотреба секако дека има санкции, рече Сали.

Наша работа, како што потенцира министерот Сали, е системски да ги решаваме недоследностите и можните проблеми кои што се појавуваат, а поединечните случаи ќе бидат во надзор на Фондот за здравствено осигурување, имајќи во предвид дека тие се финансиери на јавните здравствени установи, пренесува “Слободен печат“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...

Грaѓаните да бидат спокојни: Претседателот Гаши е добар и е отпуштен од болница.

Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, од кабинетот дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника...