17.9 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаЗабаваЉубовта не познава години: Згодната Евгенија заедно со нејзиниот сопруг Д-р Вело...

Љубовта не познава години: Згодната Евгенија заедно со нејзиниот сопруг Д-р Вело Марковски зачекорија по црвениот тепих.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вечерва во Штип започна 37-то издание на реномираниот фестивал на забавна музика ,,Макфест 2022”. Со многу новитети, песни во енергичен ритам, наместо препознатливите балади, црвен тепих и ветувања за хитови кои ќе ги донесе манифестацијата, уште една измена во фестот е и тоа што ќе има дури пет водители.

<

Маријана Стојановска, која пред повеќе години дојде на местото на Вера Јанковиќ и Димитар Атанасовски се најавени како главни водители, а презентери ќе бидат Лила Филиповска, Миланка Рашиќ и Јана Бурческа.

И ракометарот Борко Ристовски се појави во улогата на презентер.

Годинава уметнички директор на ,,Макфест” е музичарот Роберт Саздов. За настанот се обезбедени околу 100 илјади евра, од Општина Штип и од спонзори.

Вечерва настапија релативно нови музички имиња, додека пак утре настап ќе имаат Тамара, Ламбе, Лоба, Андреа, Виктор и други.

Покрај многубројните изведувачи, на црвениот тепих зачекорија и многу познати и звучни имиња од Македонија, а еден од нив беше и добро познатиот доктор и критичар Д-р Вело Марковски.

Маркоски на фестивалот се појави со неговата згодна сопруга Евгенија Маркоска која на јавноста и е позната по учеството на многу видео спотови.

Евгенија е поранешна манекена, но поради улогата МАЈКА за жал ја остави таа професија позади себе и му се посвети на семејството и на нејзиниот сакан Д-р Вело Марковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Убиецот од болницата во Бардовци: Слободно шетал и пиел по кафеани !!!

Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За...

Китески: Советот на СДСМ Охрид – без трошка срам, против 13 проекти важни за граѓаните, која една од нив е и катната гаража.

Александар Китески, секретар на Општина Охрид: Денес опозицијата во Советот на општина Охрид, предводена од СДС, на седницата за ребаланс на буџетот на општината, без...

Шлепер излета од коловозот меѓу селата Требеништа и Мешеишта

Шлепер излета од коловозот меѓу Требеништа и Мешеишта Попладнево, на делницата меѓу селата Требеништа и Мешеишта, од трасата што се гради како дел од автопатот...

Опелото за Душко Чифлиганец ќе се одржи утре во храмот „Св. Јован Крстител“ во Аеродром.

Опелото за прерано починатиот Душко Чифлиганец ќе се одржи во среда, на 6 август 2025 година, во 14:00 часот, во православниот храм „Св. Јован...