15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаФРОНТЕКС- Потпишан првиот договор со ЕК на македонски јазик

ФРОНТЕКС- Потпишан првиот договор со ЕК на македонски јазик

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска во свечената сала на Владата на Република Македонија е потпишан т.н. „Договор за Фронтекс”, првиот ваков договор помеѓу Европската комисија и Република Македонија на македонски јазик, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

<

Договорот го потпишаа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и амбасадорот на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва, во име на чешкото претседателство со Советот на ЕУ.

Станува збор за договор помеѓу Република Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Македонија.

Овој Договор има оперативно и политичко значење и за Македонија и за Европската Унија.

Од страна на претставниците на Владата на Република Македонија и на претставниците од Европската комисија е споделена заедничка согласност дека потпишувањето на овој прв договор помеѓу Македонија и Унијата е на македонски јазик, без какви било ѕвездички и фусноти, покрај јазиците на земјите членки на ЕУ, е потврда на дело за почитувањето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, од страна на Европската Унија.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...