14.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаСветШпанецот кој тргна пешки на СП во Катар, заврши во затвор во...

Шпанецот кој тргна пешки на СП во Катар, заврши во затвор во Иран

spot_imgspot_img

На Сантијаго Санчес, шпанскиот фудбалски фан кој реши да тргне пешки до Светското првенство во Катар, му се изгуби трагата на 1. октомври. Немаше никаква информација за него, па многумина помислија дека е мртов, но стигна добра вест која во други околности ретко кога би била добра, тој се наоѓа во затвор во Иран.

Сантијаго Санчес на 9 јануари од Мадрид тргнал пешки кон Доха, планот му бил да стигне во Катар за Светското првенство. На патот на оваа негова авантура, тој постојано објавуваше фотографии на инстаграм и информираше каде е. Но тоа прекина да се случува на 1 октомври.

Неговата последна објава на инстаграм била од село во областа Пенџвин во Ирак, веднаш до границата со Иран. Потоа тој губи контакт со неговите најблиски и веќе нема објави на инстаграм.

Мистерија стана судбината на Санчес, како одминуваше времето се зголемуваа стравувањата дека тој веќе не е жив. Дека е убие во опасните области каде што патувал.

Но, иранската национална телевизија објави вест која ги израдува најблиските на шпанскиот авантурист, тој е жив, но се наоѓа во ирански затвор.

Информацијата вели дека Санчез бил уапсен во Сакез, град во курдинстанската провинција во Иран. Што е веднаш до границата на Ирак. Тој е уаспен заедно со неговиот преведувач.

Еден негов пријател од Мадрид, Мигел за весникот „Марка“ вели дека според него, Сантијаго бил затворен поради тензичната политичка ситуација во Иран во моментов.

„На 2 октомври неговите последни зборови беа ‘овде малку е жешко, но добро е’, мислејќи на конфликтите и политичката тензија во Иран. Сигурно е задржан и затворен додека не се смири ситуацијата таму. Тие не сакаат никој да вади надвор никаква информација за случувањата и за животот кај нив“, вели Мигел за „Марка“.

 

Засега не е познато кога ќе биде пуштен Сантијаго Санчес од затвор, но тоа што е најважно е дека тој е жив.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...