23.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорката на училиштето од Битола демантира: Во Софија бевме само јас и...

Директорката на училиштето од Битола демантира: Во Софија бевме само јас и заменик директорот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Голем број медиуми објавија дека ученици од битолското техничко училиште биле во Бугарија, а фондација „Бугарска меморија“ на Милан Врабески кој ги финансира здруженијата „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид, ги претставила учениците од битолското средно Техничко училиште како истомисленици на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

<

-Тие се во дводневна посета на Софија заедно со директорката на Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“, Жанета Сервини, како и заменик директорот Љупчо Здравковски. Ова е објавено на фејсбук страната на фондацијата.

Во врска со вчерашната информација проследена на повеќе медиуми бараме денеска да се објави нашиот демант на таа информација.

-Имено, категорично ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија. Во Софија бевме отидени јас и заменикот директор Здравковски Љупчо за да воспоставиме Еразмус + соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта.

Со дадената непроверена информација направена е шпекулација со која е нарушен нашиот углед и угледот на училиштето.

Барам од вас и од сите други медиуми да ја повлечат лажната вест и да ја пренесат вистинската информација во интерес на објективноста на информирањето и чувањето на угледот на новинарската професија која во голема мера го креира јавното мислење, се вели во демантот на директорката на училиштето во Битола, Жанета Сервини.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...