18.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаЛукаревска од Берово: Обезбедуваме поевтина струја

Лукаревска од Берово: Обезбедуваме поевтина струја

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

СДСМ, преку владата и институциите што ги предводи не остава никого сам во време на светска економска криза, грижата за сите продолжува, додаде таа

<

СДСМ се грижи за граѓаните и стопанството во време на најголема економска и енергетска криза. Со последната одлука на Владата обезбедуваме поевтина струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи преку субвенционирање на цената од страна на државата. Оваа мерка двојно ја намалува цената на струјата со што директно ќе влијае на намалување на цените на основните прехранбени производи, маслото за јадење, лебот, брашното, млеко и млечните производи, изјави вечерва во Берово заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.

„Според првичните проценки намалувањето го очекуваме до 10 отсто. Тоа значи пониски цени за граѓаните, односно заштита на нивниот животен стандард и куповна моќ. Ова е уште една во низата владини мерки за помош и поддршка на граѓаните и стопанството во време на најголема светска економска и енергетска криза“,

рече Лукаревска.
СДСМ, преку владата и институциите што ги предводи не остава никого сам во време на светска економска криза, грижата за сите продолжува, додаде таа.

„Струја и енергенси ќе има доволно, а државата ќе продолжи да субвенционира 80 отсто од сметката за струја за граѓаните и за 72.000 помали компании. За само неколку месеци одвоени се 750 милиони евра за мерки за помош на граѓаните, што е околу пет отсто од БДП и најмногу како процент споредено со земјите од Западен Балкан“,

рече заменик-претседателката на СДСМ.
360 степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...