23.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаСветНа денешен ден во 1957 година кучето Лајка стана првото животно во...

На денешен ден во 1957 година кучето Лајка стана првото животно во вселената- Но зад тој историски настан се крие една тажна приказна.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На денешен ден во 1957 година кучето Лајка стана првото животно во вселената, но зад тој историски настан за човештвото се крие една тажна приказна.

<

Советскиот Сојуз ја лансираше Лајка во вселената со сателитот Спутник 2, а неговото патување беше уште една победа за советскиот лидер Никита Хрушчов во вселенската трка со Американците. Лајка била мешана раса, пронајдена на улица во Москва, стара околу три години и тешка шест килограми.

„Ги избравме само женките затоа што не треба да ја креваат ногата додека мокреат, што значи дека им треба помалку простор од мажјаците.

Таа беше избрана за првиот лет затоа што беше паметна и послушна

Заради публицитет, кучињата требало да бидат фотогенични и да им дадат незаборавни имиња, а името на Лајка доаѓа од зборот „лаење“. Таа беше избрана за првиот лет затоа што беше паметна и послушна.

“Секако знаевме дека ќе умре во лет бидејќи во тоа време немаше начин да ја вратиме назад. Ја замолив да ми прости, последен пат ме погали и заплака. На почетокот се беше во ред. Се разбира, за време на лансирањето, срцето на Лајка беше многу забрзано, но по три часа пулсот се нормализира“, рече Котовска.

Одеднаш, за време на деветтата орбита околу Земјата, температурата во капсулата почнала да расте и достигнала 40 степени. Изолацијата не беше доволно добра, а научниците се надеваа дека Лајка може да преживее осум до десет дена. Но, таа починала од дехидрација по неколку часа.

Русите со години лажеле за нејзината смрт

Без разлика, советското радио со денови известуваше дека Лајка е добро. Официјалната верзија беше дека Лајка умрела од отров кој и бил засаден во храната за да ја поштеди од болна смрт при нејзиното враќање на Земјата, а официјална Москва со години се држела до сопствената измислица.

Сателитот со посмртните останки на Лајка изгоре во атмосферата пет месеци подоцна, а првите животни кои беа лансирани во вселената и вратени живи беа мешаните раси Белка и Стрелка во сателитот Спутник 5 во август 1960 година.
Извор-Тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство. Пребарај.. МАКФАКС МАКФАКС МакедонијаМицкоски ги...

Гордана Сиљановска Давкова: Потребен ни е мир со природата

Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон кој е домаќин на глобален настан којшто треба да создаде...

Мерко прогласен за невин за аудито вредно 67 илјади евра

Кривичниот суд во Струга го ослободи од обвинение актуелниот градоначалник на оваа општина, Рамиз Мерко, кој се гонеше за луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67...

Проширена истрагата за трагедијата во Кочани: Приведен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ

Александар Нацев од ВМРО=ДПМНЕ е сопственикот во позадина на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за кого е проширена истрагата на Јавното обвинителство за пожарот во...