13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Граѓаните да бидат спокојни, Северна Македонија најбезбедна земја на Балканот

Спасовски: Граѓаните да бидат спокојни, Северна Македонија најбезбедна земја на Балканот

Македонија е најбезбедна од земјите на Западен Балкан, со скок од 97 места во 2017 година и четири позиции повисоко рангирана од лани. Или, според Глобалниот индекс на мир (GPI – Global Peace Index), годинава сме во друштвото на 36 најбезбедни држави во светот, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук-профил.

Проценувајќи неколку аспекти на мирот, вклучително општествена безбедност, напиша тој, Глобалниот индекс на мир е корисна алатка за анализа до каде сме стигнале во нашите заложби.

– И ако се навратиме на 2017 година, од кога нашата држава бележи континуиран напредок на листата на најбезбедни држави во светот која секоја година ја прави Институтот за економија и мир, не може, а да не ги реафирмираме трите важни приоритети кои ова раководство на Министерството за внатрешни работи ги постави пред себе: професионализација, департизација и декриминализација. Според нивната тежина, тоа беа најважните суштински прашања со цел да се врати чувството на безбедност и сигурност кај граѓаните и, секако, довербата во институцијата. Горд сум на реформите што ги направивме. Горд сум и на резултатите на полицијата. Нејзината ефикасност во сите области на безбедноста од година во година бележи напредок, што беше потврден и во годинешниот Извештај за напредок на ЕК, особено во имплементацијата на Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот, во борбата против трговијата со дрога, во донесувањето стратешки документи од областа на граничното управување и миграцијата, напредок и во унапредувањето на капацитетот за финансиски истраги, како и во меѓународната полициска соработка – напиша Спасовски.

Континуираниот напредок на државата според Глобалниот индекс на мир колку што е резултат на спроведувањето на поставените приоритети на ова раководство, подвлекува министерот Спасовски, подеднакво е заслуга на вработените во институцијата која претставува гарант на безбедноста и сигурноста, но и на вас, граѓаните.

– Без вашата поддршка, без партнерството кое го воспоставивме со вас, резултатите немаше да бидат ни толку брзи и евидентни, ниту континуирани, порача министерот за внатрешни работи Спасовски.

Денес, пишува Спасовски на фејсбук, полицијата е во служба на граѓаните, МВР е една од најтранспарентните институции со најголема доверба врз релевантни истражувања.

– Како земја членка на НАТО, земја која ги почна преговорите со Европската Унија, промотор за мирот и стабилноста во регионот, но и чувар на просперитетот и сигурноста на граѓаните, наша обврска е да продолжиме да ја унапредуваме полицијата, бидејќи безбедноста е основа за функционирање и просперирање на секоја демократска држава – објави Спасовски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...