20.2 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаЗабаваМакедонската инфлуенсерка Агнеса: Мажите немаат храброст да ми пријдат

Македонската инфлуенсерка Агнеса: Мажите немаат храброст да ми пријдат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Агнеса Органџиева последните две години го привлекува вниманието каде и да се појави, но и со објавите на социјалните мрежи. Јавноста почна да зборува за неа во времето на короната, кога среде разводот нејзиниот поранешен маж ја навреди во статус на Фејсбук кога ја нарече пластична Барбика.

<

Луѓето беа затворени дома и тоа им дојде како шпанска серија. Ама, мило ми е што добив голема поддршка од жените, а некои од нив ми кажаа и дека после мене и тие собрале храброст за да се разведат. Сите сакаат да живеат среќно, никој не сака да е во брак кај што сте како брат и сестра“, вели Агнеса за „Репортер“.

Во најтешкиот период најмногу ѝ помогнале ќерките Вивиен и Тифани, со кои е многу блиска. Вивиен, која ја родила на 20 години, сега е на студии во Словенија, па се слушаат секој ден на видео-повик. „На почетокот многу плачев, ѝ се јавував по 3-4 пати на ден, ама ми олеснуваше кога ќе ја видев насмеана. За секоја мајка тоа е најважно“, искрена е таа.

Со Агнеса, која важи за една од најпознатите инфлуенсерки кај нас, разговаравме во нејзиниот дом. Ни покажа каде живее и кои ѝ се омилените парчиња облека. Со ќерката Тифани ни раскажаа и за змијата Раја, кралски питон, која им е домашен миленик скоро една и пол година.
За тоа кој ѝ го дал името Агнеса, во какви односи е денес со поранешниот маж и дали тој ѝ се извини за јавните навреди, како дозна за неговиот статус, но и за мажите што се плашат да ѝ пријдат, колку им попушта на ќерките, па ја убедиле дома да чуваат змија, каква мајка е, но и каква е кога ќе седне во кафеана… гледајте во видеото. https://youtu.be/Y3RYF2c3XaU ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...