21.1 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаЗабаваВасил Гарванлиев со сопругот: Минатата година беше најважна во мојот живот!

Васил Гарванлиев со сопругот: Минатата година беше најважна во мојот живот!

Васил Гарванлиев: Минатата година беше најважна во мојот живот!
од Fokus 07.11.2022

Музичарот и македонски претставник на Евровизија 2021, Васил Гарванлиев, го прослави својот 38-ми роденден. Струмичанецот кој живее и работи во Америка, објави фотографии од роденденската забава, и порача дека изминатата година му била една од најважните во животот.

Како потсетување, тој годинава во април беше запросен од својот партнер, а исто така тогаш за „Фокус“ откри дека започнал да работи на својот англиски албум.

Тогаш раскажа дека има редовни настапи, а новите музички материјали на кои работел биле еден вид на латино ритам, помешан со балкански примеси.

-Каква година! Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката, пораките, за тоа што вие сте вие! Минатата година беше една од досега најважните во мојот живот, а овој почеток на избран семеен покрив, е само отсјај на големината која доаѓа.
Опкружете се со љубов, радост, со светлосни суштества кои се ваши истомисленици – порача Гарванлиев.

Тој беше музичка сензација во земјава на свои седум години, кога го отпеа детскиот хит „Марионка”. Потоа со семејството замина во Америка, а извесен период живеел и во Италија. Се школувал на повеќе престижни музички универзитети.

Во 2018 година се врати во Македонија, каде сними повеќе авторски дела, а по враќањето од Евровизија, во 2021 година, стана мета на јавен линч, поради евровизискиот спот, каде во позадина се појавува уметничко дело кое ги има боите на бугарското знаме, но и поради своето јавно признание дека е хомосексуалец.

Набргу потоа повторно замина во Америка, а во последните изјави за „Фокус“ не криеше дека е разочаран поради предрасудите за ЛГБТ заедницата кои се уште се присутни во Македонија…

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!! По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид...

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...