11.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаАлбанец на чело на ЈО за првпат во историјата на Македонија- Ислам...

Албанец на чело на ЈО за првпат во историјата на Македонија- Ислам Абази ќе ја наследи Вилма Русковска

spot_imgspot_img

Русковска порача дека ако победи ќе продолжи каде што застанала, а ако ги изгуби овие избори ќе го признае поразот. „Правото и правдата мора да важи за сите. И не смее да има неказнивост“, изјави Русковска.

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази е нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Јавните обвинители на непосредни избори донесоа одлука за наследникот на суспендираната шефица Вилма Русковска. Од вкупно 160 обвинители – 66 гласаа за Абази, додека неговиот противкандидат Ермон Незири доби 64 гласови од своите колеги обвинители.

Јавните обвинители на гласачкото ливче можеа да изберат меѓу четворица кандидати – Деса Пауновска и Ислам Абази, кои доаѓаат од Вишото обвинителство – Гостивар, Ермон Незири од скопското Обвинителство и суспендираната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска.

Таа денеска порача дека ако победи ќе продолжи каде што застанала, а ако ги изгуби изборите ќе го признае поразот. „Правото и правдата мора да важи за сите. И не смее да има неказнивост“, изјави Русковска.

Согласно Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаа сите јавни обвинители во земјата. Гласањето се спроведе во текот на работното време на гласачки места во четирите виши јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

На огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беа пријавени петмина кандидати, но Енѓелуше Кадриу – Леши ја повлече пријавата. Во пресрет на гласањето, републичкиот обвинител Љубомир Јовески минатата недела им порача на обвинителите својот избор да го направат слободно и растоварено од какви било влијанија.

Советот на ЈО согласно законот, во рок од седум дена треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...