16.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаВози голф 5 и има кредит од 250.000 денари- Кој е новиот...

Вози голф 5 и има кредит од 250.000 денари- Кој е новиот шеф на ОЈОГОКК, Ислам Абази?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази, новоизбраниот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција, на местото на досегашната шефица Вилма Русковска, е жива мистерија за јавноста.

<

Пред изборот тој воопшто не даваше изјави, не водеше кампања, ниту пак презентираше своја програма за тоа што и како планира да работи во ова важно и чувствително обвинителството. Од него дури нема слика ниту биографија на сајтот на Вишото јавно обвинителство Гостивар, коешто го водеше до денеска.

Негова биографија пред себе ја немаа ниту членовите на Советот на јавни обивнители, кои во најголем дел гласаа за него. Иако без план и програма, најголем дел од обвнителите (66 од вкупно 160) оцениле дека тој е најсоодветен да ја раководи борбата со организираниот криминал и корупцијата во државата.

Според неговиот прв анкетен лист, што тој го пополнил во Антикорупциската комисија кога првпат дошол на јавнообвинителската функција тој располага со куќа во селото Зајас, кичевско од 1998 година, за која е наведено дека е имот на родители, но нема податок како е стекната.

Куќата има 210 метри квадратни и за неа е наведено дека чини 3 милиони денари или близу 49 илјади евра.

Потоа, Абази располага со стан во Кичево од 1985 година, за кој исто така е наведено дека е имот на родители и нема податок како е стекнат. Станот, кко што стои во анкетниот лист, вреди 1,8 милиони денари или околу 30 илјади евра.

Од личен имот Абази располага со фолсфаген голф на сума од 300 илјади денари или околу 5.000 евра, од 1999 година и е стекнат со договор за купопродажба.

И конечно, Абази има кредит, на сума од 250 илјади денари, кој го зел во 2009 година и го отплаќал 4 години.

Извор: Нетпрес

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...