14.9 C
Ohrid
среда, мај 15, 2024
ПочетнаСветРакетите кои ја погодија Полска долетале од Украина

Ракетите кои ја погодија Полска долетале од Украина

Претставниците на НАТО денеска ќе одржат итен состанок на барање на Полска откако две лица загинаа во експлозија предизвиканаа од залутани ракети во селото Пржеводов, на само 6 километри од границата со Украина.

Според првичните разузнавачки извори од САД, ракетата била истрелана од Русија, а НАТО ќе испитува дали се работи за руска ракета, што доколку се потврди ќе се смета за напад врз НАТО.

Светските лидери кои во моментов се на Бали каде се одржува самит на Г20 се состанаа по падот на проектили во Полска.Претседателката на ЕК Фон Дер Лајен по состанокот објави соопштение во кое се осудуваат „вчерашните варварските ракетни напади што русија ги изврши врз украинските градови и цивилната инфраструктура “

Претседателот на САД Џо Бајден, рече дека истрагата е поддржана од сите партнери.

И Македонските власти изразиja загриженост и порачаа дека земјава е во консултација со сојузниците во НАТО и будно ја следи ситуацијата.

Инаку Русија демантира дека извршила напад врз Полска, која е членка на НАТО и инцидентот во Полска го квкалификува како обид да се предизвика директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија, додека Украина го тврди спротивното. Експлозијата се случи откако Русија вчера изврши серија напади врз Украина со проектили, напади за кои Киев рече дека се најтешкиот бран во текот на руската инвазија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ќе премине во ВЛЕН

Вицепремиерот Битиќи прво ќе делува како независен пратеник, но ќе биде на линија со ВЛЕН кога ќе биде потребно Бадентерово мнозинство, а потоа и...

Љупчо Палевски е однесен во затворот во Шутка во 30 дневен притвор

Палевски вечерва е екстрадиран од Турција со редовен лет од Истанбул на скопскиот аеродром и пред малку е однесен во затворот во Шутка. Министерството за...

Светот се збогува со Гудрун Јур – Нашата супер бабичка !!

Британската актерка Гудрун Јур, ѕвездата на омилената детска серија од 1980-тите „Супербабичка“, почина на 98 години во својот дом во Лондон. Нејзината изведба на...

СДСМ се подготвува за „процесот на обнова“ на сите нивоа во партијата

Социјалдемократите од наредната недела ги почнуваат подготовките за свикување на отчетниот Конгрес на кој ќе се реферира за изборните резултати и реструктуирање на партијата...