15.9 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаМакедонијаУтре учениците низ Македонија ќе добијат учебници, потврди министерот Шаќири

Утре учениците низ Македонија ќе добијат учебници, потврди министерот Шаќири

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поминаа два и пол месеци од почетокот на првото полугодие од учебната година, но наставата се одвива во услови на недостиг на учебници. Како решение, учениците фотокопираат наставни материјали или учат од оштетени книги. Министерот за образование, Јетон Шаќири за ТВ21 изјави дека учебниците се готови и дека од утре ќе им бидат достапни на училиштата.

<

„Јас кажав и стојам на тоа дека учебниците ќе бидат готови до октомври. Денес имаме над 22 наслови само за основно образование кои се одобрени од Педагошката служба и ги имаме повеќето од нив. Околу 15 се испечатени од економскиот операторот кој ја презема обврската да ги печати“, изјави Министерот за обрзование и наука Јетон Шаќири.

Испораката на учебниците до сите училишта каде што има дефицит, вели Шаќири, ќе се заврши во рок од две недели.

„Очекувам во текот на целиот ноември, сите учебници во основното образование….За прашањето за новиот концепт, има повеќе од четири паралелки, нови генерации кои од следната година нема да имаат проблеми со другите учебници. Ќе се отвори дискусија и за овие учебници. Испораката на учебниците започнува од четврток. Во кои училишта, во моментов го немам планот. Економскиот оператор ќе ги извести училиштата, бидејќи учебниците мора да бидат примени од директорите, треба да се евидентираат, итн.“, додаде Шаќири

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Убиецот од болницата во Бардовци: Слободно шетал и пиел по кафеани !!!

Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За...

Китески: Советот на СДСМ Охрид – без трошка срам, против 13 проекти важни за граѓаните, која една од нив е и катната гаража.

Александар Китески, секретар на Општина Охрид: Денес опозицијата во Советот на општина Охрид, предводена од СДС, на седницата за ребаланс на буџетот на општината, без...

Шлепер излета од коловозот меѓу селата Требеништа и Мешеишта

Шлепер излета од коловозот меѓу Требеништа и Мешеишта Попладнево, на делницата меѓу селата Требеништа и Мешеишта, од трасата што се гради како дел од автопатот...

Опелото за Душко Чифлиганец ќе се одржи утре во храмот „Св. Јован Крстител“ во Аеродром.

Опелото за прерано починатиот Душко Чифлиганец ќе се одржи во среда, на 6 август 2025 година, во 14:00 часот, во православниот храм „Св. Јован...