14.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаЖител на Берово лажел дека е киднапиран, при што побарал 10.000 евра...

Жител на Берово лажел дека е киднапиран, при што побарал 10.000 евра од својот татко за да биде ”ослободен”.

spot_imgspot_img

На 15.01.2021 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово го лишија од слобода М.П.(29) од с.Будинарци, беровско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“. Тој во текот на вчерашниот ден самоволно измислил и фингирал сопствено наводно грабнување, за кое изјавил дека го сторил од финансиски причини.

Неговиот татко Д.П.(57) вчера околу 18:00 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово пријавил дека добил СМС-порака од телефонот на неговиот син, со која се барало изнуда од 10.000 евра за да биде пуштен неговиот син.

Според пријавеното, порака со слична содржина на Messenger добила и неговата снаа М.П. Во координација со Јавен обвинител и во соработка со полициски службеници од СВР Штип биле преземени мерки и активности, а на разговор биле повикани Љ.П., брат на пријавениот и М.П., сопруга на пријавениот, чиј мобилен телефон со потврда бил привремено одземен.

Малку подоцна Д.П. пријавил дека откако ги оставил парите на наведената локација, М.П. се вратил дома, по што и тој бил повикан на разговор во просториите на ОВР Берово, при што го признал делото, а предметните парични средства биле пронајдени и вратени на неговиот татко.

По целосно комплетирање и документирање на настанот, до Основното јавно обвинителство Кочани ќе биде изготвен и доставен поднесок по чл.258 од Кривичниот законик – „изнуда“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...