14.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Работниците кои го градат автопатот Кичево-Охрид се соочија со многу предизвици

Ковачевски: Работниците кои го градат автопатот Кичево-Охрид се соочија со многу предизвици

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Се финализираат асфалтерските работи на тунелот на автопатот Кичево – Охрид, а делови од делницата се ставаат во сообраќај под времен режим како што завршува изградбата. Пробиени се 95 проценти од трасата, а на терен се работи со над 800 работници и околу 400 машини.

<

Пораки да се запази динамиката и продолжениот рок за изградба на автопатот до крајот на 2023 година беа упатени при денешниот увид на градежните работи на тунелот од премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерите Артан Груби и Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

Премиерот Ковачевски порача дека овој пат мора и ќе добие на динамика и оти во секојдневна комуникација со вклучените институции во процесот на изградбата инсистира тоа да биде приоритет. Завршувањето на автопатот, посочи, е важно за Кичево, Дебарца, Струга, Охрид, Вевчани, за околните населени места кои гравитираат во овој регион, но и за целата држава.

-Свесен сум дека работниците кои го градат овој автопат се соочија со многу предизвици во изминативе години, поради огромни пропусти во самиот проект. Беа потребни години за да се пробијат тунелите под превојот Пресека. Работниците се соочија со многу проблеми во утробата на планината што дополнително ја одолговлечи работата на терен, па плановите за работа мораше да се адаптираат според условите кои што ги налагаа самите услови на терен. И тоа беше само еден сегмент што требаше да се надмине, промашена траса, неусогласеност на проектната документација и состојбата на терен, дислокација на далекуводи, телефонски кабли, водоводни инсталации, индивидуални и стопански објекти, бидејќи беа на самата автопатска траса, изјави Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...