29.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаВане Цветанов ја шетал Дунавка во странство со државни пари

Ване Цветанов ја шетал Дунавка во странство со државни пари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

МВР денеска поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, Ване Цветанов за злоупотреба на службената положба. Според пријавата, Цветанов ја ангажирал невенчаната сопруга Дунавка Трифуновска и со државни пари оделе на заеднички службени патувања, а вршел и незаконски јавни набавки со што го оштетил државниот буџет за 75.000 еу.

<

Пријавениот ги пречекорил границите на своето службено овластување, постапувајќи спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и склучил три договори за ангажирање надворешен советник за специјални цели, лицето Д.Т., која била негова невенчана сопруга. Овие договори биле искористени и како основа за заеднички службени патувања во странство, а на лицето Д.Т неосновано и противправно му биле исплатени парични средства во вкупен износ од 1.525 евра“, стои, меѓу другото во пријавата.

Цветанов беше разрешен од функцијата претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата во март, кога ја вработи жена му, манекенката и поранешна мис на Македонија Дунавка Трифуновска. На оваа функција Цветанов беше скоро три години. Тогаш во разговор за „Репортер“ тој потврди дека ја ангажирал жена му да му помага на работа, оти само неа ѝ верува.
„Опкружен сум со многу непријатели и луѓе од интерес па морав да се потпрам на некого на кого му верувам целосно во овие специфични лицемерни времиња. Сега за сега има потпишано договор за 30 дена. Станува збор за договор за ангажирање на надворешен советник за специјални цели. Нема да зема пари. Нејзината плата е нула денари“, рече тогаш Ване за „Репортер“.
Во меѓувреме, пак, Дунавка рече дека нејзиното име е злоупотребено и дека таа не е личноста што е вработена во институцијата со која што раководеше нејзиниот емотивен партнер.
„Тоа се професионалци во својата област пријавени на официјален оглас . Ова е исценирана конструкција во време кога институцијата гради нова иднина преку имплементација на европските директиви, која што е нотирана и во последните европски извештаи“, рече тогаш Дунавка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...