1.2 C
Ohrid
среда, април 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЏафери со честитка: нека ни е честит Денот на албанското знаме

Џафери со честитка: нека ни е честит Денот на албанското знаме

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дозволете ми во име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, со особена радост да упатам срдечни честитки по повод албанскиот национален празник, 28 Ноември – Денот на знамето, со искрени желби за бескрајни успеси и напредок на Албанците каде и да се а празникот, како што е впрочем и цел месец Ноември, нека биде повод за чувство на гордост и среќа за тоа што сме биле, сме и ќе бидеме во иднина“. Оваа порака ја испраќа претседателот на Собранието, Талат Џафери по повод празникот 28 ноември – Денот на албанското знаме.

<

„Несомнено дека овој значаен празник е длабоко втиснат во колективната национална историска меморија и во срцата на сите припадници на Албанскиот народ, каде и да се наоѓаат раштркани по светот и денес, кога ја одбележуваме 110 – годишнината од денот кога мудриот дипломат Исмаил Ќемали, заедно со делегати од различни албански градови го истакна националното знаме во Валона, Албанците, со чувство на национална гордост го чествуваат како симбол на албанската национална културна ренесанса. Нашата заедничка државна и регионална определба за европска интеграција е единствениот патоказ кој што не мотивира да работиме посветено и неуморно за да станеме што побрзо дел од големото европско семејство. Таму, заедно, со исти заеднички вредности и стандарди, ќе придонесуваме за подобар свет за идните генерации. Живееме во времиња на предизвици во секој поглед и само сплотеноста ја сочинува вистинската сила која може да ја надмине секоја препрека. А Албанците, заедно со сите граѓани на Република Северна Македонија се камен на консолидирање на таа сила.

Нека е честит 28 Ноември, Денот на знамето“, стои во честитката на Џафери упатена до сите кои го прославуваат овој празник.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Родителите на децата од Кочани низ солзи им се заблагодаруваат на лекарите и на бугарскиот народ за грижата за нивните деца

Родителите на децата од Кочани низ солзи им се заблагодаруваат на лекарите и на бугарскиот народ за грижата за нивните деца повредени во трагедијата...

Битолчанец цела година крадел струја, Од ЕВН велат дека се оштенети за 9 милиони денари !!!

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и В.П. (50) од Скопје, управител на правното лице,...

Честитка на градоначалникот Пеаков по повод Меѓународниот ден на ромите

По повод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите припадници на ромската заедница во градов. –...

Гоце Делчев Тодев: Полицискиот службеник кој алармирал дека дискотеката „Пулс“ е небезбедна

Ако и со трагедијата во Кочани излезе дека е виновен некој функционер од пред десет години, а сегашните не се, значи ние имаме проблем...