16.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонецот осомничен за трговија со мигранти задржан во притвор во Софија

Македонецот осомничен за трговија со мигранти задржан во притвор во Софија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По барање на Окружното обвинителство во Софија, судот го задржа во притвор македонски државјанин кој се сомничи дека илегално им помагал на странци да влезат во земјата, соопшти прес-центарот на Окружното обвинителство на Софија.

<

Како што јави дописникот на МИА од Софија, македонскиот државјанин Б.Д. кривично се гони затоа што на 25.11.2022 година околу 07:45 часот на бул.Цариградско Шоше во Софија, за да прибави имотна корист за себе незаконски им помогнал на 15 авганистански државјани илегално да престојуваат и минуваат низ Бугарија, со тоа што ги превезувал со автомобил Фолксваген. Поведена е предистражна постапка за сторено кривично дело и му е одредена мерка притвор во траење до 72 часа.

Софискиот окружен суд ги прифатил аргументите на Обвинителството дека обвинетиот може да побегне и пресудил против Б.Д. најтешка мерка за обзбедување – „притвор“. Против мерката притвор може да биде поднесена жалба пред Градскиот суд во Софија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Шофер во Здравствен дом Берово уапсен – Во службено возило пронајдена дрога

Лишен од слобода возач вработен во ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, кај него е пронајдена дрога На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови" во...

Претепан српски пратеник во Белград!

Партијата за слобода и правда објави на социјалната мрежа X дека нејзиниот пратеник Пеѓа Митровиќ бил претепан на протест во Белград. „Шефот на пратеникот на...

Трипуновски: Прв пат слушам дека нема доволно јајца во маркетите

Во однос на информацијата што ја објавија некои медиуми, дека во маркетите нема доволно домашни јајца, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски...

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија . Жителите на селото Октиси од синоќа не ја напуштаат линијата на фронтот...