13.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Сплит се уапсени двајца пензионери од Македонија кои со измами и...

Во Сплит се уапсени двајца пензионери од Македонија кои со измами и кражби направиле штета од 26.000 евра

spot_imgspot_img

Припадници на хрватската полиција во Сплит уапсиле двајца државјани на Македонија под сомнение дека извршиле пет измами и тешка кражба, предизвикувајќи материјална штета од 200.000 куни (околу 26.000 евра).Станува збор за двајца мажи на 76 и 68-годишна возраст од Македонија кои извршиле пет кривични дела- измама во август и септември на подрачјето на Сплит, Трогир и Примоштен.

Фатени биле откако двајцата мажи извршиле тешка кражба, во реонот на Дубровник. Како што пишува порталот Индекс.хр извлекле пари буквало од раката на само еден од повеќето оштетени хрватски државјани, кој се посомневал во вистинитоста на нивната приказна. Проценетата материјална штета од неколкуте кривични дела кои ги сториле се проценува на околу 200.000 куни.

За време на кривичната истрага, извршен бил претрес на лично возило и стан во областа Омиш, користени од осомничените. Притоа биле пронајдени поголема сума на пари, неколку лажни златни часовници и неколку катанци.

Уапсените мажи се предадени за притвор под сомнение дека сториле пет кривични дела-измама и кривично дело тешка кражба.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...