16.6 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридПецаков повторно ги израдува најмладите: Ново мултифункционално игралиште за ракомет, фудбал и...

Пецаков повторно ги израдува најмладите: Ново мултифункционално игралиште за ракомет, фудбал и кошарка доби ООУ ,,Христо Узунов“ во Охрид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ново мултифункционално игралиште за ракомет, фудбал и кошарка доби ООУ “Христо Узунов“. На свечениот настан што се организира по тој повод присуствуваше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

<

– Денес сме собрани тука да го одбележиме пуштањето во употреба на мултифункционалниот терен за ракомет, фудбал и кошарка во рамките на ОУ “Христо Узунов“. Овој племенит инфраструктурен зафат го покажува нашиот однос кон образовните институции и нашата грижа за најмладите. Дозволете ми да изразам искрена благодарност до Државната Видеолотарија – Касинос Аустриа за донираната опрема, со која учениците ќе имаат оптимални услови за спортување на отворен простор. Ние како локална самоуправа, целосно сме посветени да обезбедиме најдобри услови за одвивање на воспитно образовен процес на целата територија на Општина Охрид. Верувам дека овој терен ќе им пружи на учениците и нивните наставници огромно задоволство во играта и совладувањето на спортските вештини, што е многу важен чекор во градењето на нивните карактери. Почитувани присутни, ве уверувам дека како локална власт и во иднина ќе вложуваме во образованието и спортот, зошто сметаме дека тоа се две најважни дејности за правилно подигање на нашите деца, на кои почива иднината на Охрид и Македонија – рече градоначалникот Пецаков .

Мултифункционалното игралиште за ракомет, фудбал и кошарка е инвестиција на Државната Видеолотарија – Касинос Аустриа и е вредно 3 300 000 денари. Истото е дел од проектот „Играј со најдобрите“ и е петто по ред игралиште во државава опремено од оваа компанија.

Пред присутните пригодни обраќања имаа Маркетинг директорот на Државната Видеолотарија – Касинос Аустриа, Вики Чадикоска и директорката на училиштето, Марина Ѓоргоска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...