11.9 C
Ohrid
недела, април 20, 2025
ПочетнаСветНа денешен ден 1875-та е роден Фердинанд Порше, најголемиот конструктор на автомобили...

На денешен ден 1875-та е роден Фердинанд Порше, најголемиот конструктор на автомобили во историјата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Го конструираше првиот 4х4 и хибриден автомобил, победничките болиди на Mercedes и „Сребрените стрели“ на култниот Auto Union, се прослави со „Буба“ на Volkswagen, а го дизајнираше и еден од најмоќните тенкови на сите времиња – Tiger I.

<

Германецот Фердинанд Порше (1875 – 1951), најголемиот конструктор на автомобили во историјата е роден на денешен ден пред 144 години во близина на Либерец, денешна Чешка, тогаш дел од Австро-Унгарија.

Славата започна да ја гради во 1901-ва година во Виена со електрично-бензинскиот Lohner-Porsche Mixte, првиот хибриден и првиот 4х4 автомобил на светот, а и подоцна и работејќи за Daimler во Штутгарт, како и за Austro-Daimler и Steyr во Австрија.

Во 1918-та година избрал чехословачко државјанство, а славата и угледот ги стекнува во 1920-та со проектирањето на победничките серии на Mercedes S, SS и SSKL. Потоа беше главен конструктор на славната компанија Daimler-Benz, а кон средината на 30-тите години од минатиот век се прослави со тркачките болиди на Auto Union кои воведуваат револуционерна алуминиумска школка и мотор во средината.

Моделот од 1936-та година развивал импресивни 590 коњски сили од 6.0 V16 бензинец и можел да развие до 330 километри на час.

Кога започнал со работа на проектот KdF-Wagen, Хитлер и Гебелс инсистирале и официјално да стане Германец. Моделот KdF (Kraft durch Freude, на германски „Моќ преку радост“) со непотпишано користење на идеите на Евреинот Јозеф Ганц и Австриецот Ханс Ледвинке, стана култната „Буба“ на Volkwagen, автомобил со најголема серија на производство на сите времиња.

Германскиот „народен автомобил“ беше претставен во 1938-ма година, додека во истиот период неговите Auto Union болиди бележеа бројни успеси. Семејната компанија Порше под водство на синот и внукот на Фердинанд ќе прерасне во една од најмоќните компании на светот – еден од најпознатите производители на спортски автомобили, што започна во 1948-ма година со моделот Porsche 356.

Почина на 30-ти јануари 1951-ва година. Иако го следат и големи контроверзии, од обвинувања за плагијат, па се до поддршка на Нацизмот (го конструираше познатиот Tiger I, најдобриот тенк во Втората светска војна), поради што кон крајот на 1945-та година беше уапсен и помина 22 месеци во затвор, сепак Фердинанд Порше се смета за најзначајниот автомобилски конструктор на сите времиња.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Премиерот Мицкоски: Вечерва заедно со охриѓани во црквата Св. Богородица Перивлепта го дечекавме Христовото воскресение.

Вечерва заедно со охриѓани во црквата Св. Богородица Перивлепта го дечекавме Христовото воскресение. Нека светлината од Воскресението на Христос донесе мир, љубов и надеж кај...

Докторка од Италија која го лекувала штипјанецот Симон Крстев, повреден во пожарот во Кочани, го посети во Штип

Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница во Парма, Италија каде што се лекувал штипјанецот Симон Крстев, кој беше еден од 193-те повредени во...

Путин нареди да се прекинат сите воени акции за време на велигденските празници.

Владимир Путин, соопшти дека стапува на сила велигденското примирје. Претходно руските медиуми објавија дека тој се сретнал со началникот на Генералштабот на Руската Федерација Герасимов. Според...

Денеска на ден Велигден почина музичкиот великан од нашата генерација, Тоше Поп Симонов.

Денеска на ден Велигден почина музичкиот великан од нашата генерација, Тоше Поп Симонов. Остави музика и човештина за на век. Не задолжи сите...