2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЕколошка катастрофа во Прилеп , тотален помор на рибите во вештачкото езеро...

Еколошка катастрофа во Прилеп , тотален помор на рибите во вештачкото езеро нема ни капка вода нема ни за земјоделците

spot_imgspot_img

Поради немањето ниту капка вода во вештачкото езеро во Прилеп и поради неповолната хидролошка состојба тутунарите се жалат дека нема да ги наберат последните берби кои се и најскапо платени. Поради обид за замена на испусниот вентил на акумулацијата, кој се прави по втор пат, лани беше неуспешно, повторно се испразни целото езеро. Тутунарите велат дека предвидените количини ќе бидат помали за околу 20 %.

„Најквалитетниот тутун што оди во највисоките класи и што носи највисок профит, некаде 280 денари од килограм. Не можи да ги порасни листовите, без вода нема живот, овие високи температура ќе предизвикаат нагло овенување, нагло горење и сушење на тутунот“, истакна Данчо Милески, претседател на тутунарско здружение „Мице Козар“ Прилеп.

Од Водостопанство „Прилепско Поле“ велат дека тутунарите од лани знеле деќа ќе нема доволно вода оваа година. Ветуваат дека до крајот на месецот ќе го заменат испусниот вентил.

„Значи се решава голем проблем, се врши измена на темелен испус на брана, тоа е главен вентил кој досега беше еден, а сега наместо тој вентил би се поставиле 2 вентили, 1 сигурносен, односно конусен, и еден лептирест вентил“, рече Ѕвонко Талески, директор на подружница „Прилепско Поле“.

Инаку вчера се случи и помор на рибите кога се испушти водата, од концесионерот Мамец велат дека тие не биле известени дека воопшто ќе се испушта водата од езерото. Од ВМРО-ДПМНЕ пак бараат одговорност за еколошката катастрофа.

„Кој ќе ги надомести штетите на земјоделците кои уредно имаа потпишано договори за наводнување, а во текот на целиот летен период се соочуваа со недостиг на вода? Зошто по втор пат се испушта водата и дали некој ќе сноси одговорност за поморот на рибите?“, изјави Тони Ризески, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Инаку се уште нема одговор од институциите дали некој ќе понесе одговорност што замената на испусниот вентил трае цели 2 години.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...